5 Стилски грешки кои мажите често ги прават

од  |  0 коментари

Дали сметате дека ви е потребно подобрување на стилот? Ви честитаме, самото признавање дека правите клучни грешки при начинот на стилизирање на вашата гардероба е одличен начин за отпочнување на промените.  Постојат голем број на трендови помеѓу кои можете да избирате деновиве, па поради тоа се случува често да ги занемарите основните правила на облекување. Постојат 5 основни грешки кои ве одвојуваат до следниот чекор за да бидете модерен маж кој знае како да се облекува соодветно на неговата фигура, возраст и животен стил.

1. Грешка – носите прешироки одела и облека

Или пак се облекувате во поширока облека воопшто. Се повеќе се чини дека повеќето мажи секогаш носат број- два облека поголема од онаа што им одговара. Широката облека не комуницира моќ, мажевственост и губење на тежина, таа всушност прави да изгледате несредени, поситни и да изгледате како да криете вишок килограми (што можеби и ги немате во случајот).  Доколку сакате да оставите одличен впечаток со својот деловен изглед, тогаш одлучете се за струкирани одела и броеви на облека која всушност ви стои.
1 z2. Грешка – Носите панталони со прешироки и предолги ногавици

Никогаш не правете ја оваа грешка. Прешироките ногавици или пак предолгите подвиткани ногавици прават да изгледате неуредно, ви ги прават нозете пошироки, и покуси визуелно.
Доколку сакате да изгледате соодветно за деловни состаноци и настани,  тогаш придржувајте се на нашиот совет и често носете ги вашите панталони на шивач на стеснување и скратување.

2 z

3. Грешка – Чевли со коцкест врв

Чевлите со коцкест врв се долго надвор од мода. Оваа сезона земенете ги старомодните чевли со чевли со заоблени врвови  и покласични модели на чевли-патики и изгледајте опуштено и во покласична комбинација.
cevli4 Грешка – Класичната кошула не ја ставaте во фармерките и ја носите опуштена.
Било да сте бизнисмен или пак сакате да имате класичен но сепак модерен стил, доколку сакате да делувате дотерано, никогаш не носете класична кошула надвор од панталони или фармерки затоа што ќе оставите впечаток дека сте несредени и несоодветно облечени.

3 z

5. Грешка Носите преголем новчаник во задниот џеб од вашите панталони. Фигуративно, дебелиот новчаник добро звучи, но не изгледа добро во глобала. Потенките видови на новчаници/партменеа остраваат позитивен впечаток за грижа околу деталите.
Screenshot_2