Каде ќе патувате за 8ми март? Ние ги имаме вистинските предлог дестинации за вас!

од  |  0 коментари

Секој 8ми март е еуфоричен, жените се припремаат за прослави, салоните за убавина и козметичките салони работат 24/7 додека траат припремите пред и околу празникот .
Покрај долгата традиција за посета на градските кафеани постои и нова модерна традиција за патување надвор од рамките на државата за време на овој празник.

Како ќе славите вие?

Доколку сеуште немате идеа, денес ви презентираме предлог- дестинации  за патување чија убавина веруваме ќе ве фасцинира. Можеби некои сте ги посетиле веќе, но верувајте во друштво на пријателките авантурата на овие места е секогаш позабавна.
Заедно со нашите пријатели Ариес травел ве водиме низ неколку дестинации на кои би можеле да го прославите 8ми март.

Белград 
Белград е град со одлична култура, традиција но и животен стил кој наликува на оној во метрополите.  Посетата на Блеград нуди разгледница на славните места како Дедиње, мостот Газела, мостот на Бранко Ќопиќ, црквата Св.Марко, музејот 25-ти Мај, улицата на кнезот Михаило, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан…

Велинград или Банско 
Доколку сте љубители на спа забава и уживање тогаш Банско и Велинград се одлична дестинација за патување.

Велинград уште го нарекуваат и градот за бескрајно спа уживање, па доколку ви е доста од метежот околу вас и потребно ви е да се почувствувате добро во сопствена кожа тогаш повелете во Велинград.
Кој не го посетил Банско не знае колку пропушта. 
Одлично уживање за секого, а најголемо за жените во било која сезона.

Кој е за шопинг и рекреација?
Ајде на тура во Солун, Паралиа и Метеори. 

Швајцарија
, Барселона или пак Прага?
Одлични дестинации во Европа и големи метрополи во кои има што да се види и да се искуси.


Будва и Дубровник се убави и во рана пролет.
За посета на овие дестинации Ариес припреми одлично изненадување
Со секоја резервација на оваа тура добивате можност да учевствувате во наградниот натпревар за летување.
Ем уживате , ем може и да добиете бесплатно летување…