Анонимуси “упаднале” во компјутерите на америчката влада

од  |  0 коментари

Америчкиот FBI предупредува дека припадниците на хакерската група Anonymous успеале да добијат пристап во компјутерите кои ги користат вработените на америчката влада.

Во кампањата која трае од Декември минатата година, хакерите успеале да компромитуваат и инсталираат ”backdoor” компонента на компјутерите на америчката влада благодарение на ранливите апликации на компанијата Adobe.

Меѓу нападнатите компјутери и украдени податоци спаѓаат оние на америчката војска, Министерството за енергетика, Министерството за здравство и социјална заштита на некои други агенции. Во однос на достапноста на информации од Министерството за енергетика хакерите украле информации за 104.000 вработени, нивните членови од семејството и надворешни соработници и над 2000 банкарски сметки.

Се чини дека овие напади се поврзани со случајот на британскиот државјанин уапсен во Октомври под тужба дека упаднал во компјутерските системи на америчката влада.

FBI верувадека операцијата на Anonymous сеуште продолжила, под голема доза на таинственост и внимание.