Бесплатните јавни Wi-Fi мрежи се опасни?
Ова предупредување е мотивирано заради честите случаеви на напаѓање и крадење на податоците извршени баш преку овие бесплатни Wi-Fi мрежи на кои се поврзуваат бројни корисници ширум Европа.
Размената на осетливи и тајни податоци, а посебно користење на мобилно банкарство, не се препорачуваат на корисници споени на несигурна мрежа. Таквите активности би требало да се извршуваат само на бежичните мрежи кои ги познаваме, а никако на јавни места, преку разни хотспот -ови во ресторани, кафетерии и слично.
Најголема опасност корисниците имаат од хакерски напади од типот man-in-the-middle, во кои напаѓачот го пресретнува целиот сообраќај помеѓу уредот на корисникот и точката на пристигнување, и така се прибираат сите податоци кои се разменуваат. Најдобра превенција од таквите напади е подигање на свеста за сигурноста на мрежата.