Дали го одбележавте овој Мовембер – месецот на машкото здравје?

од  |  0 коментари

Можеби и веќе сте запознати со движењето „Мовембер“ – глобална хуманитарна акција, чија иницијатива се состои во подигнување на јавната свест за машкото здравје.
Започнувајќи од грижата за физичкото и менталното здравје на мажите, ракот на простатата и ракот на тестисите,  овој месец е во функција на потсетник за опасностите по машкото здравје и јавната отвореност и превземање на акција околу истите. Редовните прегледи можат да спасат нечиј живот!

Растењето мустаќи е само гест кој преку симболот за машкост –мустаќите е само знак за поддршка на движењето кое повеќе години се одбележува во текот на целиот месец Ноември.



Зошто постои симболиката на растење на мустаќи?
Мустаќите од секогаш биле перцепирани како симбол за мажественост.
Често ги перципираме највлијателните црти и карактеристки на нечие лице како носот, усните, очите… Растењето на мустаќи е самоуверен потег кој може да влијае врз перцепцијата на другите, тие се карактерна црта која оддава знаци за сексуална зрелости подготвеност за репродукција.
Со растењето на мустаќи и брада овој Моември можевте да дадете свој јавен придонес кон поддршката на ова движење без притоа да морате говорите за истото што всушност е и поентата на ваквиот тип на поддршка.

Пред крајот на овој месец да се потсетиме зошто е важно да се обрне внимание на овие ризик фактори:
1. Во согласност со податоците на Светската здравствена организација, во Македонија, стапката на самоубиства е 5,2 на 100.000 жители, а во земјата почесто се самоубиваат мажи, отколку жени.

2. Ракот на простата пак, е најчестиот тип на рак кој се јавува кај мажите. При рана дијагноза голем процент од пациентите имаат веројатност дека ќе го наддминат, ризокот кај овој тип на рак постои поради тоа што во раните фази на неговата појава не покажува симптоми што би значело дека кај ова заболување мажите би биле свесни се додека истото не започне да предизвикува проблеми со уринирањето или да влијае врз сексуалната функција.
Годишната стапка на смртност на 100.000 луѓе од рак на простата во Македонија е 7 од 10 заболени лица.
Превенцијата би значела поголема свесност за постоењето на вој здравствен ризик и редовни проверки и тестови.

3,Ракот на тестисите пак во согласност со податоците на Светската здравствена организација во Македонија има стапка на морталитет од 0.9% на секој 100.000 жител, и стапка на појава од 4.5%.

4. Покрај физичкото здравје мажите е потребно да обрнат големо внимание и на своето психичко здравје како клучен фактор кон квалитетен живот и добро емоционално здравје.

5. Свесноста и прифаќањето на овие здравствени ризици би можеле да спасат нечиј живот!