Банско- едно од најдобрите зимувалишта во Европа

од  |  0 коментари

Една од најатрактивните зимски локации во Европа. Ова одморалиште нуди одлични глетки, места за рекреација, уживање и релаксирање. Одличните термални води, базени, теретани и ски патеки се само дел од предусловите кое ова место ви ги нуди за незаборавен помин.

img-14

Падна и првиот снег- време е за зимско уживање.
Секогаш кога помислуваме на снег првата асоццијација која ни доаѓа на ум е скиење и уживање во свежиот воздух на некое планинско место. Можеби затоа што едни од најубавите спомени кои сме ги доживеале како деца биле за време на зимските спортови.
1370_1-2

Банско е еден од најубавите ски-центри во Бугарија и на Балканот. Оддалечен е 570 км од Белград и 150 км од Софија. Се наоѓа на 930 метри надморска висина, на северната страна од планината Пирин која е прогласена за национален парк ( има повеќе од 170 езера и 60 врвови над 2700 м надморска височина). Убавината на планината Пирин, старите етно куќички, новоизградените луксузни хотели и апартмани, како и модерните стази и ски лифтови го прават Банско најпрестижниот ски-центар во источна Европа.
Банско се карактеризира со величенствен пејзаж, високи планински врвови, борови шуми,  но и остар облик на континентална клима со планински влијанија кои допринесуваат да сезоната на скиење трае 6 месеци ( снежна покривка од крајот на ноември до крајот на април). Просечната температура во јануари е околу  -2°C. Снегот обилно паѓа и прави една стална снежна покривка од 2m, а значајни се и техничките можности на овој зимски центар ( преку 160 топови за снег т.е на повеќе од 85 % од теренот).

Скиење помеѓу високи борови и јадење, опколени со зимско сонце, чист воздух и дрвја, дивеч и неверојатни пејзажи. Тука ќе доживеете невообичаено чуство на слобода.

Над Банско се гледаат два скијачки региони: долен (1100-1600 m) горен (1700-2500 m). Сите планински падови се вкрстуваат и гледаат еден во друг. На тој начин се гарантира задоволство при скиење како и  голем избор на стази.

Ски стазите имаат вкупно 65 км и им одговараат на сите што скијат ( од благо коси плави стази за почетници, преку црвени стази измеѓу дрвја и непрекинати стази долги 16 км од врвот до подножјето на планината, па се до стрмните, скоро и вертикални падови за експерти).

Стазите се претежно црно – црвени, а околу 30 км се стази за нордиско скиење. Постојат можности за ангажирање на инструктор и изнајмување на скии или сноуборд, а постои и школа за деца и жичари за најмлади. Сите стази во Банско одговараат и за сноубордерите, додека пак некои се и погодни за ноќно скиење.

Вкупно има 16 стази, а најпознати се:

– Bunderitsa (жичара со четири седишта, лесна стаза. Почнува на 2560 метри надморска височина, можност за избор на следна стаза Todorka, Balkaniada или Tomba).

– Balkaniada (троседна жичара, средна стаза, на неа се организираат бројни такмичења)

– Todorka (троседна жичара, лесна стаза ’’Kolarski put’’ (долен дел) и средна стаза (горен дел)

– Tomba (жичара со четири седишта, тешка стаза, падина 73%)

Во Банско има и Модерна жичара изградена во 2003 година која се поврзува со првата стаза. Жичарата е многу удобна, и што е важно може да пренесе околу 2400 луѓе за 1 час, така да на неа се чека многу кратко време.

Банско нуди бројни можности за забава, рекреација и активен ноќен живот. По денот исполнет со авантури на стазите, гостите на Банско можат да уживаат во локалните ресторани во кои се служи традиционална бугарска кујна и пијалоци но и интересни специјалитети.

Околу стазите има и доста ски барови, а најпознатиот  ски бар ’’Happy End’’ се наоѓа кај долната станица -гондолата каде има одлична забава, танцов подиум, танчери, огромни екрани кои прикажуваат видео клипови, сноубординг, параглајдинг и останати екстремни спортови. Викендот е исполнет со музика во живо.

Ние ви препорачуваме да ги посетите: Националниот парк Пирин кој е под заштита на УНЕСКО заради природните и културни убавини (мноштво од леднички езера, водопади, шуми и пештери), Манастирот Рила, главниот град Софија, Пикник, Добарско (црква. Св.Теодора Тирона & Теодора Стратила), Јагодинските пештери, минералните извори во Добриништа, The Dancing Bears Park (дом на диви мечки од кои секоја има своја територија).

Широката понуда на Ариес травел останува отворена за секој оној кој сака да зимува во Банско.
За повеќе информации околу нивната понуда погледнете на следниот линк:https://aries.mk/package-category/hotelibansko/