Далии знаете дека вистинскиот парфем ја прави жената да биде поубава?

од  |  0 коментари

Не можете да замислете да излезете на прошетка во град без да го нанесете парфемот? Ништо чудно, кажуваат научниците кои во новите истражувања откриле дека парфемот може да не разубави, а пријатниот мирис, според резултатите на истражувањето, женското лице го прави повеќе привлечно.

Женското лице станува повеќе привлечно доколку е присутна пријатната миризба, наведуваат научниците  и потврдуваат дека мирисите можат да го сменат начинот на кој ја разбираме активноста, како и начинот на кој се гледаме меѓу себе. Ефектот на пријатниот мирис и парфемот се огледа во тоа, кога личноста убаво мириса ја гледаме како повеќе привлечна.

Истражувањата кои беа спроведени откриваат дека женското лице се оценува како повеќе привлечно уз присуство на пријатниот мирис.

Парфемите и мирисните производи со векови се употребувани како начин за подобрување на севкупниот изглед, а претходните истражувања покажале дека перцепцијата на привлечноста на лицето може да биде под влијание на пријатната и непријатната миризба. Меѓутоа, се до сега не било познато дали мирисите влијаат на вистинската визуелна перцепција на лицето или пак според начинот како лицата емоционално се оценети во мозокот.

Кога е присутен пријатен мирис, склони сме постарото лице да го оцениме како помладо, па границата во годините станува пофлексибилна, а животната доба се потешка може да се одреди.