Трикови за брзо и ефикасно шминкање

од  |  0 коментари

Поради забрзаниот темпо на животот и секојдневното брзање и задоцнување, често се случува де имаме малку време за разубавување. Затоа Ви предлагаме брзи совети кои ќе Ви помогнат кога е во прашање

Веѓите  

Доколку спаѓате во личности кои изгледаат барем 10 пати подотерано кога веѓите им се средени, нека тогаш тие Ви бидат приоритет. Сепак, наместо да поминете многу време на нивното дотерување, како прва помош користете молив за да ги исправите грешките.  Боја 
Дали имате време за нанесување на руменило, сенка за очи или кармин на усните? Најчесто не. Затоа стручњаците препорачуваат кремасто руменило во боја, кој можете да го нанесете на образите, капците и на усните за само неколку секунди..

Трепките  
Маскарата е најважна во шминкањето. Но често немаме време со четчето внимателно да ги усовршиме трепките и потоа да почекаме маскарата да се исуши. За брзо и ефикасно средување на трепките обидете се со свиткувачот на трепките. Свитканите трепки убаво ќе ги дефинира очите, а ефектот ќе биде исто како да ја нанесовте маскарата.

Очите  
Очите се први кои ќе Ве издадат дали имавте време да се нашминкате и дали сте наспани. Нанесете го коректор на горните капци и под очите за да ги прикриете подочниците и црвенилото, а потоа ставете малку транспарентна пудра во прав. Додадете малку маскара и ќе добиете прекрасен изглед.

Бронзер 

Бронзана пудра ќе придонесе да Вашето лице поприми здрава и румена боја. Доволно е само неколку потези со четчето на образите и од секоја страна на носот, како и еден потез уз рабовите на очите.

Коректор  
Со коректорот лесно се прикриваат недостатоците кои не сакаме да се видат, а лицето ќе го направи да биде беспрекорно. Со прстите нанесете го на подочниците, на црвени те места околу носот и на внатрешните агли на очите.

Усните  
Моливот, сјајот, балсамот за усни. Постојат многу опции со кои сте соочени секое утро. Изберете производ кој комбинира сето ова наведено.