Домашна маска – ботокс – за сува и оштетена коса- маска од авокадо и жолчка од јајце 

од  |  0 коментари

Јацето и авокадото богати се со природни масла и здрави масти кои не само однадвор и консумирани во исхраната почесто ќе ви обезбедат здраво кожа, коса и нокти.

Во заедничка комбинација делуваат хидратантно, регенеративно , и помагаат на косата да добие сјај.
Потребни состојки:

  • ½ авокадо
  • 2 жолчки од јајце

Испасирајте го авокадото и измешајте го со јајцето.
Маската се нанесува на сува коса и се остава да отсстои под медицинска капа или капа за туширање 20 мн -45 минути во зависност од вашето слободно време- колку подолго ја оставите толку похидратантно ќе делува.
Откако помине периодот измијте, вашата коса ќе биде инстантно освежена.