Домашни кремови за борба против вашиот вечен непријател-Стриите.

од  |  0 коментари

Доколку и вие сте  од оние кои што секојдневно се соочуваат во овој вечен непријател на вашата кожа, денес  ние во прилог ви доставуваме неколку совети и корисни рецепти за домашни кремови за превенција против вашиот непријател.За спречување и лечење на стриите треба да се консумира храна која е богата со цинк и витимин A, E ,C, тие учествуваат за создавање на колагенот, чиј присуство е основа за одржување на здравјето и еластичноста на кожата. Треба да обренете винимание, дека витамините кои ги примате имаат висoк  биоактивн квалитет. Така на пример има повеќе форми на витамин A ,E  и цинк. Меѓутоа повеќето од нив организмот неуспева да ги прими во целост.Еден од најстарите рецепти кој веќе поодамна успешно се користи за лечење на стриите е рецептот со масло од какао. Маслото од какао е многу честа основна состојка во сите лекови и препарати за лечење на стриите бидејќи делува чудотворно на кожата на тој начин што ја омекнува и воедно ја зголемува нејзината еластичност.

Еве еден рецепт кој што ќе ви помогне за  домашно лекување на стриите.

Потребни состојки:

1/2 чаша масло од какао,една супена лажица масло од пченични никулци,едена супена лажица масло од семки од кајсија,една супена лажица витамин Е во течност, 2 супени лажици рендан пчелин восок,чиста кутија, во која што ќе го ставите кремот.

Смесата треба да се загрее во сад со  топла вода, (на принцип на пареа). Загревањето трае се додека не се стопи восокот, со повремено мешање. Потоа ставете ја  смесата  во  чиста кутија, па во фрижидерот  каде што ќе се чува до употреба.Кремот се употребува се додека не се постигне целосно лечење на стриите на начин што се нанесува на чиста и  сува кожа после туширање. А најмалку 20 минути пред да се облечете, поради заштита на облеката од масните состојќи.

 Масажно масло против стрии со алое вера

 Гелот од алое вера е познат по омекнувачкиот и лековитиот ефект врз кожата. Се користи при  изгореници на кожата кои се сметаат за една од најголемите повреди на кожата.Бидејќи стриите се исто така нарушување на интегритетот на кожата.Овој рецепт е многу користен за лечење на стриите.

Потребни состојки:

1/2 чаша масло за јадење. (пожелно е маслиново), 1/4 чаша алое вера гел, течноста од 4 капуси витамин Е, течноста од 2 капсули витамин А, Чиста кутија во која што ќе го сместите кремот.Состојките се мешаат се сместуваат во кутијата и се чуваат во фрижидер. Препаратот се употребува исто како и предходниот препарат.

 Крем од чиста свинска маст

Многу често како релативно поевтин но меѓутоа сепак ефикасен рецепт за омекнување на кожата и лечење на стриите се употребува и чиста свинска маст (сало).Кога велиме чиста свинска маст, се подразбира да нема други примеси како конзерванси,сол и сл.Еве уште еден совет како да ја искористите свинската маст против стриите, така што истата ќе делува хидратантно на вашата кожа.

Ставете свинска маст во сад во кој ќе можите брзо да ја мешате.Потурете ја со чиста вода и почнете брзо да мешате со лажица. Истурете ја водата. Постапката се повторува десетина пати. Вака подготвената свинска маст чувајте ја во фрижидер. И овој препарат се употребуваат врз чиста кожа после туширање, така што ќе ја масирате  20 минути  врз површината каде што се наоѓаат стриите, се додека не се упие.