Во летото кожата и косата бараат дополнителна нега

од  |  0 коментари

Денот поминат на плажа ќе Ви одговара, но лежењето на песокот, уживањето во морските радости и сончањето не се баш рајско искуство за Вашата кожа.

Штитете се со висок заштитен фактор, носете капа и очила за сонце и не боравете на сонцето кога е високо на хоризонтот.   

Работете се според правилата и советите на стручните лица и дерматолозите, но по враќањето од летувањето, Вашата кожа и коса  изгледаат суво и не негувано. Ритуалот на негата на косата и кожата по престојувањето на плажата еднакво е важно како и заштитата од УВ зрачење.

Интензивното летно сонце во комбинација со спарината, влагата и ветерот, морската или водата од базен, сувиот воздух од аклиматизирани уреди во затворениот простор ќе делуваат на Вашата кожа. Доколку не ги користите хидратантните кремови и лосиони, почнете сега затоа што во летото нивната употреба е задолжителна. Она што нанесувате на Вашата кожа по излагањето на сонцето, освен што ќе ја хидрира кожата ќе сочува и продолжи незината бронзената боја и ќе го спречи лупењето. По сончањето и капењето одлучете се за побогати after sun лосиони кои содржат состојки како што се алое или шеа путер како би им ја вратиле на кожата влагата и еластичноста која го изгубила во текот на деновите поминати на плажата. За да тие препарати постигнат најдобар ефект, потребно е да се нанесуваат веднаш по излагањето на сонцето, по туширањето или пред спиењето.
Многу жени веруваат дека повеќе ќе ја хидрираат нивната сува кожа доколку на неа нанесуваат поголемо количество на хидратантен крем, а во суштина само моло количество на кремот продира во кожата. Доколку претерате во хидратацијата, ќе го ослабите природното својство на навлажување на кожата, а тоа ќе ја направи да биде зависна од козметичките препарати. Долгорочно гледано, кожата со текот на времето сепак ќе се исуши иако обилно нанесувате хидратантни производи затоа што ќе го загуби природната моќ за одржување на влажноста.

За да им овозможите на кожата сета моќ на впивање на влагата од препаратот, прво е потребно да ги исчистите порите и да ги отстраните мртвите клетки од кожата. Пилингот овозможува подобро продирање на хранливите состојки во подлабоките слоеви на кожата, а на нејзината површина се враќа еластичност и сјај и се спречува лупењето. Додека за телото е добар пилинг со абразивните честички и благотворни билни етерични масла, кои ќе ја смират и нахранат кожата, за лицето изберете понежен пилинг. Идеални е оние пилинзи без абразивни честички, односно оние кои не се тријат, туку се нанесуваат како маска.

За да го задржите што е можно подолго младешкиот изглед на Вашето лице, за нега на кожата користете серуми и кремови со антиоксиданси (на пример витамини А, Ц и Е, расвератрол, зелен чај …) кои ја хидрираат кожата и длабински ја хранат. Не заборавајте и на обновувачки маски за Вашиот тип на кожата кои би требало да ги користите 1-2 пати неделно или по потреба.
Најголемиот виновник за сушењето на косата и избледувањето на бојата се сончевите УВ зраци. Кога сонцето ќе ја ослаби и оштети косата, таа станува повеќе осетлива, а секое дополнително излагање на УВ зрачење додатно е слаби, па затоа и е потребно зголемена заштита. За разлика од кожата, косата не може сама да се обнови па кога сонцето ќе ја оштети, влакната стануваат оштетени од коренот до врвот, па им е потребна зголемена нега.

За миење на косата користете нежни шампони за зајакнување на косата на база на масла и билни екстракти, а миејќи ја косата со нежни кружни движења, со прстите масирајте го темето затоа што така ќе ја поттикнете циркулацијата. Избледената боја најдобро е да ја освежите со прелив или со боја која не содржи амонијак, а кој на косата ќе и го врати сјајот и волумен.
Оштетената и исушената коса спасете ја со интензивна терапија со масло или маска која е поволно да се користи два пати неделно. На измиената коса нанесете помало количество од производот од темето па се до врвот во насока на растењето на косата, а потоа смотајте ја со топол пешкир и оставете производот да делува 10-20 минути па потоа темелно измијте ја косата. Доколку е потребно, пред да ја исушите косата на целата должина на косата нанесете производ за регенерација кој не се мие или производ  за заштита од жештината.

Иако морето е подобро од било кој wellnessцентар и совршен е извор на здравје и убавина, по престојувањето на плажата грижливо негувајте го Вашето тело од глава до петици. Неговата благодарност ќе ја почувствувате на Вашата кожа и во иднината.