Eleanor Roosevelt за среќата и интегритетот

од  |  0 коментари

“Кога ќе ги прифатиш стандардите и вредностите на некој друг…го предаваш сопствениот интегритет. Ти стануваш до степенот до кој ќе се предадеш помало човечко битие…”

Eleanor Roosevelt (11 Октомври 1884 – Ноември 7, 1962) е една од највлијателните мислителки во модерната историја – неуморна поддржувачка на работничката класа и непривелегираните, Првата дама на Америка со најдолг мандат, и авторка на убави и контроверзни љубовни писма.
На 76 годишна возраст го објави ‘’You Learn by Living: Eleven Keys for a More Fulfilling Life ‘’— елегантно напишана книга за незината филозофија и значење на животот. Во шестото поглавје, “Learning to be Useful,” Roosevelt ја открива тајната за среќата, тема на која големи умови како Henry David Thoreau, Alfred Hitchcock, Alan Watts, Martin Seligman, C. S. Lewis, Annie Dillard, креирале свои теории.

Roosevelt пишува:

‘’Среќата на е цел, таа е би-продукт. Парадоксално, сигурен начин на кој нема да успеете да бидете среќни е да поставите пат во животот на кој ќе означите се што ќе ве направи задоволни со себе комплетно и ексклузивно. По кратко време, нема да постојат многу нешта во кои реално сте уживале.Она што го одржува нашиот интерес во животот и прави да гледаме напред е да се надеваме на утрешниот ден на начин на кој ќе донесеме задоволство за другите околу нас […]”

“ Многу е лесно да се затвориме самите во себе, тоа може да биде фатално. Кога човек се затвора во самиот себе, во своето здравје, во своите персонални проблеми, во малите детали на секојдневното живеење, тој во исто време започнува да губи интерес за другите, а што е најлошо ги губи врските кои го прават неговиот живот поисполнет.
Од оваа точка може да започне губењето на интерес за светот, а воедно и за самиот себе…
Од секогаш ми се допаѓаше изреката на Don Quixote: ‘’Сè  до смртта, се е живот’’.

Што е потребно за да се чувствуваме среќно?
Според Елеонор  трите основи на среќата се:” чувството дека си бил чесен кон себе и другите околу тебе, чувството дека си го направил најдоброто што си можел  во персоналниот живот и во работата, и способноста да сакаш други.”

Но затоа пак постои друга основна потреба која ја надополнува среќата а таа кога човек се чувствува корисно. Корисноста, бе разлика која форма и да ја има е начин на кој ќе се оддолжиме за сите привилегии кои ги имаме во животот а пред се привилегијата да се живее. Ова е и сопствена награда само по себе, а корисноста е всушност зачеток на среќата, како и што само-сожалувањето и повлекувањето од светот и борбата се почеток на мизеријата.
Roosevelt смета дека постои морална одговорност за да се живее на начин во кој се  верува дека дека имаме комплетна контрола на својот живот кој е основан врз интегритет.

Се работи за вашиот живот-доколку тоа го направите така. Стандардите по кои живееме треба да бидат наши сопствени стандарди, наши вредности, наши убедувања за она што е правилно и погрешно, што е вистинито, а што е лажно, што е важно а што е небитно.

Кога ги прифаќате во целост стандардите и вредностите на другите како свои или на заедницата или групата на притисок, вие го предавате сопствениот интегритет. Вие станувате до степенот на вашето предавање, помалку човечко битие од она кое веќе сте…

Оваа изрека би ја надополниле со една од најпознатите изреки на Mahatma Gandhi: “Да веруваш во нешто, а да не го живееш е нечесност…”