Идеално мало купатило

од  |  0 коментари

Верувале или не, и малото купатило во Вашиот стан може да биде доволно пространо и функционално доколку паметно го искористете просторот и се послужете со мали трикови. Така на пример,наместо када која ќе Ви зафати пола купатило, вградете туш кабина со која можете паметно да го пополнете ќошето.

Исто така, добро решение за мало купатило се нови веш машини со полнење одозгора кои се по потесни од класичните, а при тоа ни вратата нема да Ви зафаќа дополнителен простор. Во Вашето мало купатило избегнувајте ги темните бои. Варосајте го во некоја посветла боја, најдобро во бела, бидејќи на тој начин визуелно ќе го зголемите просторот. Можете да се поиграте, па помеѓу белите плочки ставете еден ред бордура во некоја појака боја, која е во тренд. На Вашето мало купатило можете да дадете префинет изглед така што ќе вградите мијалник со постоље или, уште подобро стаклени мијалник кои погламурозно изгледа, но е потежок за одржување. Во комбинација со големо огледало на ѕидот, кое исто така визуелно ќе го зголеми просторот.

И на крај најважно е да Вашето купатило не додавате непотребни ситници бидејќи ќе изгледа уште помало.