Избегнете ги овие 11 навики ако не сакате бессони ноќи
Ако сте во потрага по добар сон, сигурно веќе сте пробале на многу начини да го подобрите. Чаеви, купки, оставање на телефонот надвор од собата и слично. Можете да пробате се, но ако ги правите овие грешки и понатаму вие нема во тоа да успеете. Еве што не треба да правите.
1) Пиење кафе во 16:30 попладне
Можеби вас ви звучи добра идеја да испиете кафе после пладне со цел да ги наполните батериите, но бидејќи на телото му се потребни 8 часа до 10 да го обработи тој кофеин, кафето ќе ви смета (навечер, кога треба да заспиете), отколку да ви биде корисно.
2) Протеини во 21ч на вечер
Протеините навистина се важни ако вежбате, но немојте да вечерате премногу касно, зошто вашето тело ќе почне со варење на храната тогаш кога вие ќе треба да спиете. Протеините можат да допринесат да останете подолго будни.
3) Нервирање во 21:30 на вечер
Што и да правите, избегнувајте да се нервирате. Немојте да паничите мислејќи дека нема да стигнете да се наспиете. Колку повеќе сте под стрес толку помалку ќе можете да заспиете.
4) Еден пијалок “ЗА ПОДОБАР СОН” во 10 на вечер
Алкохолот може да не заспие, тоа е точно, но исто така може да го поремети добриот сон во доцните часови од ноќта.
5) 10.05 – Гледање телевизија
Ако сакате да гледате напнати филмови, тогаш ќе ви биде уште потешко да заспиете, а светлоста од телевизијата сигнализира на вашиот мозок дека уште не е време за сон.
6) 11.00 – Зголемување на топлината
Никој не сака наутро да облекува ладна облека, но со загревање на собата пред спиење нема ништо да направите. Ладната соба е многу попријатна за спиење.
7) 11:05 – Гледање телевизија или одмарање на интернет во кревет
Светлечкиот екран само дополнително ќе го збуни вашиот мозок така што ќе го ограничи произведувањето на мелатонин, хормон кој го поттикнува спиењето.
8) 11.07 – Покана на куќните миленици во кревет
Јасно е дека сакате да се галите со куќните миленици, но неговото тивко грчење може да ви смета повеќе отколку што мислите.
9) 11.35 – Размислување за утрешните обврски
Ако размислувате за она што ве чека за наредниот ден , уште ако тоа не ви е најдраго, само ќе бидете нервозни. А нервозата и не е баш најдобриот пријател на сонот.. Наместо тоа, размислувајте за нешто убаво.
10) 11.55 – Лежење во кревет и нервирање поради тоа што не можете да заспиете
Стручњаците кажуваат дека лежењето и очекувањето на сонот во моменти кога не можете да заспиете само поттикнува анксиозност. Звучи контрадикторно, но најдобро би било да излезете од кревет и да се опуштите на некаков начин. Само потрудете се тоа што го правите да не биде премногу стимулирачко за да ве одржи будни.
11) 6.55 наутро – одложување на алармот
Да, со одложување на алармот ќе добиете уште некоја минута сон. Но алармот го пореметува вашиот природен циклус за сон, па дополнителни 5 минути сон ви прават повеќе штета отколку корист.