8 трикови за брзо и ефикасно шминкање

од  |  0 коментари

Поради забрзаниот темпо на живот и секојдневното брзање и задоцнување, честопати имаме малку време за дотерување. Затоа Ви предлагаме некои практични совети кои ќе Ви помогнат кога е make-up во прашање, но и кои ќе Ви го заштедат времето.

Веѓите

Доколку припаѓате на личност кој изгледа барем 10 пати повеќе дотерана кога веѓите им се средени, нека тогаш веѓите Ви бидат приоритет. Сепак, наместо да истрошите многу време на нивното дотерување, како прва помош можете да користете молив за да ги исправите неправилностите. Потоа малку потемнете ги со маскара за да добиете природен изглед.

Боја

Дали имате време за нанесување на руменило, сенка за очи или кармин? Најчесто не. Затоа шминкерите препорачуваат руменило во крем кој лесно се нанесува на образите само за неколку секунди.

Трепките

Маскарата е една од најважните работи при шминкањето. Но често немаме време внимателно со четчето да ги помините трепките и да почекаме да се исуши маскарата. За брзо и ефикасно средување на трепките обидете се со свиткувачот за трепки. Свитканите трепки убаво ќе ги истакнат и дефинираат очите, а ефектот ќе биде како да имате ставено маскара. А во тој случај не се грижите дека ќе се размачкате.

Очите

Очите се први кои ќе Ве издадат дека немавте доволно време да се нашминкате или дека не сте одморни. Ставете коректор на горниот капак и под очите за да ги прикриете подочњаците и црвенилото, а потоа ставете малку пудра во прав. Додадете малку маскара и ќе бидете убави.

Бронзер

Бронзената пудра ќе допринеси лицето да Ви добие здрава и румена боја. Доволно е само неколку покрети со четчето на образите, на челото и од секоја страна од носот.

Коректор

Со него брзо и лесно се сокриваат недостатоците кои не сакаме да се видат, а лицето ќе го направи да биде беспрекорно. Со прстите нанесувајте го на подочњаците, на носот и на внатрешните агли од очите.

Усните

Молив, сјај за усни, кармин, балсам за усни … Постојат многу опции со кои сте соочени секое утро. Изберете ги производите кој го комбинира сето претходно наведено, на пример, хидратантен сјај за усни во боја.