Како да бидете подобри родители за своите деца?

од  |  0 коментари

Еден од начините на кој може да се биде добар родител е да се научат своите деца на само-дисциплина.  ‘’Ќотекот’’ не е добар начин за дисциплинирање на вашето дете. Кога родителите учат како да аплицираат ефективни техники за воспитување врз однесувањето на своите деца, викањето и тепањето се сосема непотребни, а се креира позитивна врска и се зацврстува веќе постоечката.

Насоки за подобри односи во родител-дете врската

  • Обидете се да издвојувате време за забавни активности со своето дете
  • Никогаш со својот партнер немајте несогласувања околу стилот на дисциплина пред своите деца
  • Бидете конзистентни, дадете награда или казна за одредено однесување и не ги менувајте често своите ставови и принципи
  • Креирајте насоки и одговори за прифатливо и неприфатливо однесување
  • Дадете му до знаење на своето дете што го очекува доколку тоа се однесува на непосакуван начин
  • Дадете му до знаење што претставува непосакуваното однесување.
    Пр: не е доволно да кажете само ‘’твојата соба е неуредна’’,  дадете му до знаење на детето што самиот термин ”неуредна” значи, дефинирајте го поблиску поимот за вас, за подобро да бидете разбрани ‘’Твојата соба е нечиста, си ги оставил алиштата на подот, валканите чинии од колачите и сендвичот од синоќа сеуште стојат на твоето биро, а компјутерот не си го избришал одамна, екранот е многу валкан и неуреден. ’’
  • Кога еднаш ќе му ја покажете својата позиција на детето и кога детето ќе се обиде да ја нападне вашата позиција, не бранете се себе си. Само покажете му повторно која е позицијата и престанете да одговарате на неговите напади.
  • Не очекувате големи промени од своето дете, промените се случуваат постепено. Не заборавајте да го пофалите однесувањето кое се приближува кон посакуваната цел.
  • Запомнете дека вашето однесување на вашате дете му служи како модел .
  • Доколку едниот од родителите е тој што го дисциплинира детето, а другиот влегува во просторијата , тој што штотуку влегол во просторијата не смее да се вклучи во процесот.
  • Наградувајте го доброто однесување што е можно повеќе .
  • Двата родитела е потребно да имаат поддеднаков удел во дисциплинирањето на децата.


“3 Fs” на ефективното родителство

Дисциплинирањето треба да биде:

  • Цврсто (Firm): Последиците е потребно да бидат истакнати јасно и да бидат испочитувани.
  • Праведно (Fair): Казната мора да е соодветна на однесувањето. Последиците секогаш треба да се јасно нагласени така што детето би знаело што го очекува доколку ги прекрши правилата на однесување поставени од неговите родители. Не го казнувајте детето со строги казни доколку не се неопходни. Користењето на ‘’тајм- аут’’ со одредено траење е одличен начин за да го канализирате лошото однесување на праведен начин .
  • Пријателско (Friendly): Користете пријателска но цврста комуникација кога им покажувате на децата дека не се однесувале добро и соодветно.  Потсетете ги на последиците од таквото однесување со кои веќе се запознале. Охрабрете ги да се потрудат да запаметат што треба да направат во спротива на она што веќе кои веќе го направиле за да ги избегнат последиците на своите идни постапки и да научат што е правилно а што не е.

Родителот во улога на учител/тренер

Родителите е потребно себе си да се погледнат и од нова перспектива : во улога на тренер или учител за своите деца.

Доколку сте родител кој сака да има дисциплинирано дете добро е да умеете да му демонстрирате на детете кој е посакуван начин на однесување. . Помогнете му и вежбајте го заедно начинот на однесување. Охрабрете го и покажате конструктивен критицизам.

  • На дневна основа не заборавајте дека потребно е да се забавувате со некои забавни активности со своето дете.
  • Наместо да им кажувате на децата што не треба да прават, научете ги како да ги прават правилните нешта.
  • Користете дексприптивен пристап коога се обидувате да ги натерате  децата  нештото да го завршат добро. Пимер : ”ми се допаѓа како уредно пишуваш во својата тетратка, труди се да бидеш и понатаму уреден затоа што утре и учителката ќе те пофали…’’- Бидете специфични во тоа како им ги објаснувате  нештата кои ги барате од нив.
  • Помогнете му на своето дете да ги изразува своите чувства.
    Пример: Ми изгледаш фрустриран, да не ти се случило непто на училиште денес? Дали си вознемирен? Ми изгледаш вознемирен , понекогаш е добро да се лувствуваме така со цел да научиме како е кога сме среќни.
  • Погледнете ги нештата и ситуациите од перспективата на своето дете.
  • Користете мек, сигурен и топол тон на својот глас кога се обидувате да го смирите детето во моментите кога се чувствува вознемирено.
  • Бидете добар слушател. Бидете повторно дете во комуникацијата со своето дете за време на некои разговори со нив. Повторувајте ги нештата за кои не сте сигурни дека ве разбрале доволно.
  • Бидете сигурни дека ги разбрале вашите насоки. Повторувајте ги заедно.
  • Развијте невербални знаци (гестови) кои вашето дете ќе ги разбере, а се неопходни знаци кои ќе му укажуваат дека несоодветно/неправилно се однесува. Овој начин на комуникација на децата им помага подобро да одговараат на нештата без да бидат вознемирени.


Користењето на награди

Кога и да е потребно пробајте да користите награди за да го мотивирате своето дете со цел да го подобри своето однесување. За помладите дечиња користете систем на дисциплина со кој детето ќе го наградите со играње по завршувањето на активноста. Пр: ‘’Кога ќе ги собереш своите играчки од подот можеме да одиме на гости кај твоите другарчиња ‘’ . Комбинирајте ги периодите за ‘’тајм-аут’’ и наградувањето со одредени девијантни однесувања.

На Пример: “следниот пат кога ќе викаш и ги фрлаш своите играчки по собата , ќе добиеш тајм-аут и  нема да гледаме цртани филмови”.

”Доколку бидеш умен денес, и не ти дадам тајм-аут ќе одиме во парк и ќе добиеш  шеќерна волна на стапче, а ќе ги гледаме и сите твои омилени цртани филмови.”