Начини како да му помогнете на вашето дете да се справи со стресот

од  |  0 коментари

Стресот е нормален и природен дел и од животот на децата. Самиот процес на растење носи со себе и стрес. Децата започнуваат да чувствуваат стрес уште од  многу рана возраст и многу често стануваат ранливи на стресот затоа што за разлика од возрасните тие сеуште немаат наученo и стекнато техники за ефективно справување со него.

Како би можеле да му помогннете на своето дете да се справи со стресот?

* Бидете свесни за т.н заштитни фактори
Дали сте се запрашале зошто детето на вашите пријатели подобро се справува со стресот од вашето? Децата кои добро се справуваат со стресот имаат тенденција да имаат добра самодоверба , смисла за хумор, контрола врз своите животи, конзистетна структура во семејството (правила/ограничувања),кохезивно семејство, отворена комуникација во семејството, топла врска со нивните родители, поддршка, добри врски со родителите и соучениците, си даваат признанија за своите достигнувања.

*Помогнете му на детето да ги препознае сигналите на стресот
Децата доживуваат најразлични симптоми на стрес. Овие симптоми варираат во зависност на повеќе индикатори: возраста, личноста, нивото на развој. Најчесто децата доживуваат физички симптоми додека се справуваат со стресот, најчести се: суво грло, потење на дланките, главоболки, дијареа, лошо варење, депресивност, неуморност, иритираност, потреба за повлеченост, агресивност, лошење, лошо спиење/неспиење.  Првиот чекор во борбата протис стресот е препознавање на неговите симптоми.

*Подгответе го своето дете за потенцијални стресни ситуации. Родителите е потребно да ги подготват своите даца за потенцијалните стресни ситуации со кои можат да се соочат и притоа да вежбаат со своите деца начини за справување со истите.  Доколку вашето дете чувствува стрес поради конфликтот со своето другарче, пробајте заеднички да изнајдете зборови со кои би ја олесниле неговата комуникација со другарчето. Пристапот добро извежбајте го со цел да го насочите своето дете во правилна насока ефективно да ги решава конфликтните ситуации.

*Избегнувајте преголемо заштитување на вашето дете. На секој родител му е тешко кога неговото дете се соочува со проблеми. Првиот инстинкт кој секој родител го има е да го заштите своето дете од стресот, но затоа пак добро е притоа да знаат дека децата е добро да научат како да се справат со стресот, а најдобриот начин е преку соочување и стресно искуство. Стресот е неизбежен дел од животот.

*Помогнете му да ја изгради својата самодоверба. Преку давање на обврски и дозвола да донесуваат одлуки, родителите можат да им помогнат на своите деца лесно да ги решаваат проблемите и да стекнат самодоверба.  Родителите е добро да им помогнат на своите деца да ги развијат своите интереси со цел да имаат поголем успех. Најдобар начин за помагање е охрабрувањето, поддршката и давањето слобода на донесување на одлуки.

* Обезбете поддршка, отворена комуникација и покажете му ја својата љубов
Родителите е потребно да се достапни повеќе од кога и да е зза своите деца во периодите кога се справуваат со стресни ситуации. Потребно е да им ја покажат целосната своја поддршка и љубов преку телесни сигнали како прегратки, бакнежи, милување.На децата им е потребно да чујат дека ги разбирате, затоа што родителот е еден од најдобрите предиктори колку добро децата ќе се справуваат со стресот за време на периодот на детството но и понатамошниот живот.

*Креирајте рутина.
На децата потребен им е распоред на оброците, пишувањето на домашна работа, спиењето.., тоа им овозможува да знаат што треба да очекуваат. Тоа им овозможува сигурност и го редуцира стресот.

*Помогнете му на своето дете да има друга перспектива врз стресните ситуации.
Доколку вашето дете мисли дека учителот не го сака затоа што не му ја напишал шетката што смета дека ја заслужува , родителот може да го пренасочи детето да размислува во друг правец за однесувањето на учителот. Позитивната интерпретација на стресните ситуации за децата потребно е што повеќе да се вклучуваат во секојдневието на детето со цел позитивна перспектива на нештата.

*Поттикнете го своето дете да се вклучува во различни активности.
Слушање музика,  играње фудбал, трчање, возење на ролери…се активности кои можат да помогнат во редукцијата на стресот.

*Помогнете му на своето дете добро да управува со своето време
Научете ги како да им даваат приоритет на нештата и активностите.Помогнете им подобро да се организираат, на пример секој ден периодот од 17-19 часот нека биде издвоено време за повторување на лекциите од тековниот ден или вежбање на тешките задачи по математика кои му предизвикуваат стрес на детето. Колку подобро ги научи толку поголема ќе биде неговата самодоверба.
Помогнете му на своето дете да биде асертивно. Децата кои не знаат да се одбранат себе си и не стојат цврсто зад своите ставови имаат тенденција да чувствуваат потешкотии за време на справувањето со стресни ситуации.

*Помогнете му на своето дете да ја развие својата смисла за хумор.
Хумористичната страна на нештата е добра насока за справување со стресни ситуации. Смеењето е добар лек за се. Помогнете му да ги прифаќа критиките кои се во насока на негово подобрување.

*Побарајте професионална помош доколку вашето дете има потешкотии при справување со стресот
Понекогаш професионалната помош е клучна за помош на децата при справување со ексесивниот стрес. Побарајте помош, консултации и препораки од стручно лице на следниот ЛИНК .