Како да изберете идеални фармерки?

од  |  0 коментари

Ако сакате да најдете совршени фармерки, пратете ги нашите инструкции и откријте кој модел е како скроен за Вашата фигура.

Правилниот избор на фармерки најмногу зависи од вашата градба, посебно нозете. За почеток, секогаш треба реално да прифатете кој број го носите и да имате јасна слика на својата фигура за да можете полесно и побрзо да дојдете до идеален избор.

Доколку имате:

Пократки нозе – потребен Ви е тесна и еластична фармерка, бидејќи на тој начин нозете ќе ви изгледаат подолго

Широки колкови – за Вас се идеални фармерки со равен крој како визуелно не би постоела разлика помеѓу бутот и потколеницата.

Долги нозе – скоро секој модел Ви одговара но сепак истакнете ги нозете и фигурата со што потесни фармерки со плиток кутел. Моделот со должина три четврти можи да стои убаво само на Вас. Искористете го својот адут!

Појака потколеница – ѕвончарките се совршени за Вас, а и повторно се актуелни. Потколениците ќе Ви бидат во прв план, а фигурата ќе Ви изгледа вито.

Триковите со џебот

Џебовите кои се од предна страна по дијагонала визуелно стеснуваат

Штепот на џебот кои се истакнати од предна страна исто така стеснуваат

Поради малите џебови на фармерките, позадината ќе ви изгледа поголема.

Избегнувајте ги шарите на задните џебови бидејќи исто така имаат поширока позадина

Ефектот за да позадината Ви изгледа помала се постигнува доколку фармерките имаат големо џебови кои меѓусебно се блиски.

Моделот кој е сечен кај колената можете да го носите само под услов ако Ви се нозете долги, во спротивно ќе изгледате како да имате набиени нозе. На појаки нозе одлично одговараат моделите кои се поделени со шавови и кожни делови или изгледаат како кожа.