Опуштен стил на коса – секогаш во тренд!

од  |  0 коментари

Трендовите за фризури на една софистицирана жена се различни: од ниско репче и класична пунџа, до екстра волумен и долга права или виткана коса. Безбројни се опциите со кои можете да го покажете својот младешки и заводлив дух.

Опуштениот тил и негуваната коса се најважниот адут за добриот изглед на една дама. Најпопуларните бои на коса, според италијанските стилисти, се смеѓа која има многу нијанси до кафеава темни тонови.

Реп како практично решение

Коњско репче е решение ко не излегува од мода во ниту една сезона. Без огедна тоа дали го носите ниско или високо на теме или на врвот од главата, тој е навистина практична фризура. Дали одите во теретана или во канцеларија, добро е што за секаква пригода прилега одлично а освен тоа се прави лесно и нема потреба многу да се трудите.

Брановидна фризура

Брановидна коса ќе ве направи опуштено, безгрижно, да блескате и да се осеќате живо – таа е секогаш целосен хит.  Ако вашата коса е природно права, оставете ја да се исуши природно после миење, и ќе добиете брановиден ефект и релаксиран изглед. Ние ви предлагаме на влажна коса да направите плетенки и да преспиете. Кога наутро се ги испуштите, ќе добиете убави бранови за супер изглед.

Пунџа – секогаш во тренд

Елегантната пунџа е решение за повеќе можности, без разлика дали тоа е за секој ден за вечерно излегување. Не е важно дали е мала или голема пунџа, сè зависи од должината на вашата коса. Вие одлучувате дали сакате мала или голема пунџа, тесна или лабава.

Шишки и плетенка
Се уште е тренд кој се враќа на модната сцена. Не се препорачува за луѓе со брановидна коса.
Плетенки, исто така, неизбежни за оваа сезона, а на вас останува да одлучи како таа ќе изгледа.