Како да ја сопрете негативната самокритичност?
‘’Не сум доволно добар за оваа работа. Не сум доволно талентирана, нема да успеам. Никогаш не правам ништо како што треба. Повторно ќе погрешам доколку превземам таков чекор, никогаш нема да успеам.‘’
Многу се важни техниките кои ги користиме во секојдневието со цел да се мотивираме, меѓутоа овој самокритичен глас понекогаш може да биде пречка за нашата самомотивација. Иако не инхибира, не ограничува, не спречува да ги правиме работите кои ги сакаме, тој е сосема нештетен доколку не му дозволите да управува постојано со вашите одлуки.
Внатрешниот самокритичен глас може да има повеќекратни цели, тој може да делува сосема корисно, и постојано да ве поттикнува да бидете подобри во она што го правите. Меѓутоа кога користите самокритичност почесто од самомотивација во поглед на својата работа на пример, често ги избирате казните наместо наградите. Иако казните може да поттикнат подобро реагирање во слични ситуации на краток рок, наградите генерално се секогаш подобри затоа што помагаат при обликувањето на ново и долготрајно однесување.
Кога некого казнувате поради тоа што направил нешто неправилно, тоа неможе да го научи како да го направи на правилниот начин.
Да погледнеме еден пример, замислете го учите своето детенце да ги направи првите чекори- доколку викате по него секој пат кога ќе падне, тоа ќе има негативни последици врз неговата самодоверба. Наместо тоа доколку го охрабрувате со насмевка за секој следен чекор кој го прави кон вас тоа ќе резултира со голем напредок не само во учењето на процесот туку и во неговата самодоверба.
Кога внатрешниот самокритичар константно ви прави негативни стереотипи во главата и ве деморализира, во голема мера влијае врз концептот за оа кои всушност сте вие.
Што кога самокритичарот во нас е во право?
Негативните мисли и критики никогаш не се во наш интерес. Секогаш постои различен, подобар начин да се справите со ситуациите во животот без употреба на самодеструктивни и негативни критики.
Доколку на одредена ситуација можете да се фокусирате на она на кое сте погрешиле и научите како да го подобрите тоа кај себе, следниот пат ќе бидете подобри.
Техники за справување со негативниот само-критичен глас:
1. Бидете свесни за својата самокритичност.
За време на секој свесен момент често имаме дијалог со самите себе. Поголемиот дел од она што го мислиме е толку автоматско, се случува толку брзо што едвај и го забележуваме. Правејќи свесен труд да обрнеме поголемо внимание на нашите мисли предизивикани од нашите негативни емоции како сомнеж, страм, страв, грижа, вина и бесполезност можеме да ги контролираме и трансформираме со само-мотивација.
2.Одвоете го критичарот од вашата личност
Самокритичарот не сака да биде забележан.Има најголем импакт кога го поврзувате со вашата личност: ‘’да јас отсекогаш имам сомнеж во се што правам, таков сум по природа…’’. Никој нема вродена самокритичност. Критичарот во нас е глас кој е интернализиран во нас поради надворешни фактори и влијанија како критики, очекувања, стандарди…
3.Разговарајте со својот критичен глас
Колку повеќе негативниот самокритичен глас го доведете во насока на вашите позитивни мисли толку повеќе ќе умеете да го намалите неговото влијание врз вашите акции. Во себе негувајте позитивни мисли и започнете да ги цените своите позитивни страни кои се вашиот сојузник против големата негативна самокритичност.
Добро е да сте самокритични, меѓутоа до таа инстанца до која тоа може да ви помогне наместо да ве уназади во сопствените желби да се подобрите во она што го правите.