Зошто да му верувате на својот инстинкт?
Кога и каде да ја користите својата интуиција?
Многу пати сме се нашле пред искушение да избираме нешто што сме сметале дека е рационално или пак да го слушаме своето срце, т.е интуиција- малиот внатрешен глас кој не насочувал кон друга насока.
Доколку избереме да ја слушаме својата интуиција како би знаеле дали сме ја направиле вистинската одлука? Како би биле сигурни дека одиме во вистинската насока кога таа би можела да предизвика драстични промени во нашиот живот?
Пихолозите често делувањето на внатрешниот глас, односно интуицијата ја базираат на диктирањето на несвесниот дел од нас потсвеста која работи повеќе отколку што сме свесни за тоа. Иако често се обидуваме своите одлуки да и ги препишеме на логиката, потсвесниот дел од нас дава дополнителни информации.
Дали да ја слушате својата интуиција?
Еве зошто би требало и да ја послушате во некои ситуации:
1. Вашата интуиција е обликувана од вашите минати искуства и вашето постоечко знаење кое сте го добиле од нив.
2. Колку сте поискусни во доменот во кој одлучувате, толку поточно вашата интуиција може да ви понуди најоптимално решение. Иако е доста корисно да побарате совет и од останатите луѓе околу вас, потсетете се себе си дека сите од вашето опкружување не можат што во моментот е најдоброто решение за вас. Земете го нивниот совет во предвид доколку се поискусни од вас. Кога станува збор за врски послушајте го своето срце т.е интуиција вие најдобро знаете што чувствувате.
3. Вашата интуиција е кодирана во вашиот мозок како листа на факти и чувства. Затоа и вашата интуиција е многу помоќна од советот на другите.
Вашата интуиција ги обединува вашето тело, ум и дух, таа прави да се чувствувате нервозно или возбудено доколку пред себе имате некој битен предизвик, а тоа се и симптомите дека правите нешто што е корисно за вас. Доколку пак се чувствувате летаргично, поразено и исплашено ттогаш тоа е знак дека вашата интуиција ви кажува да се откажете од замислата.
Дали некогаш сте почувствувале ‘’пеперутки во стомакот’’?
Вашата интуиција ве поврзува вас со сите нерви и клетки во вашето тело. пеперутките кои ги чувствувате во стомакот пред важна одлука се резултат на милионите нервни ќелии до кои потсвесниот дел од мозокот испраќа сигнали. На тој начин вие одлучувате одлука не само со вашиот мозок туку и со комплетното свое тело. Клучот за донесување на одлуки врз база на интуиција е да научите како правилно да ја ислушате. Колку повеќе внимание и значење и оддавате, толку посвесни и помоќни ќе станете во однос на вашето расудување. Една од алатките за подобрување на интуицијата и читање на незините знаци е медитацијата, таа не само што е корисна алатка за редуцирање на стресот и нервозата, помага при поврзување на вашето битие физички, психолошки и духовно. Секогаш кога се двоумите пред донесување на одлука базирана на интуиција, земете длабок воздух и време да се опуштите мислите ќе ви испливаат на површина.
Како и што кажува мудрата изрека на Blaise Pascal, “Срцето има свои причини кои разумот не ги разбира’’ а вашето срце, односно интуиција во случајот е секогаш во право само научете како правилно да ја користите.
Извор: psychology today.com