Како да се организирате кога уредувате мал простор?

од  |  0 коментари

Погледнете ги овие ОСНОВНИ ПРЕПОРАКИ кои ги подготвивме за вас. Тие нека бидат водич кога треба да уредувате мали простории, канцеларија или дом.

Доколку подолго време користите мали простории а можеби и домот го користите како работен простор, направете да биде корисен, практичен и функционален.

1. Мулти-функционално и ефикасно користење на просторот

Ова може да се примени во многу области, на пример експериментирајте со во вашиот декор. Променете го мебелот, нека има повеќе модули за складирање со тоа што ќе биде веднаш пофункционален а ќе зафаќа помалку простор, или пак естетски нека изгледа подобро. Без разлика дали избирате мебел или гарнитура, внимавајте нека бидат комфорни, а не само убави на изглед. Зошто поголем дел од времето го користите употребувајќи ги истите. Без разлика дали станува збор за дом или канцеларија.

2. Естетски изглед на просторија

Без разлика на стилот на уредување кој сакате да го користите, внесете свежина и променете некои детаљи во просторот. Светилките, бојата на ѕидот, гарнитурата, перничиња, тепих… Малите промени значат многу. Вашата мотивација и расположение ќе бидат променети. Пробајте па уверете се!

3. Експериментирање со бои

Претапацирање на мебел би била совршена идеја. Или уште подобро обнова на нови перчичиња, промена на нови пердиња во друга боја. Истражувајте која боја одговара на вашиот бизнис, или која е смирувачка боја, која е мотивирачка. Која боја одговара за канцеларија, која за спална соба, која за тоалет итн.

modern-stylish-colorful-living-room-interior-design

4. Помалку е повеќе

Потрудете се нештата да ги поедноставите. Пробајте и бидете креативни со уредување по ваша желба, но не го натрупувајте просторот, особено ако е помал.

simple-interior-design

 

5.Селекција на мебел

Прави линии на гарнитура или мебел се секогаш вистински избор зошто го прават малиот простор визуелно поголем и почист. Освен гарнитурата, голема улога игра и масата, столиците, нивната поставеност. Доколку ја ставите гарнитурата на средина од просторијата, ќе направите просторот да биде на очи поголем.

Кликнете на фотографијата и дознајте од каде да ги набавите моделите (Sofa Studio Skopje):

dsc_0060 dsc_1663 img_1561 img_1569

6.Складирање на предметите

Криењето на предметите е добар трик доколку сакате добро организиран простор. За таа цел изберете мултифункционален мебел кој ќе содржи повеќе фиоки и полици за ставање на предметите.

 

sofa