Како детето ќе го победи стравот од одење на училиште?

од  |  0 коментари

Многу често малите деца чувствуваат страв од одење на училиште.
Стравот од нeпознатата средина, новите деца и новото авторитетно лице сосема се нормални и можат да се победат со разговор и креирање на нови навики поврзани со промената која го очекува детенцето.
anxiety-in-children_342x198_169841439
Што е тоа што го плаши и загрижува вашето детенце?
Запрашајте го кои се неговите и грижи и стравови, зборувајте му за забавните активности и новите пријателствaтa кои го очекуваат, кажете му го името на неговата наставничка и објаснете му ја нејзината улога. Многу е битно детето да е припремено за тоа што го очекува.

Одредете мал работен простор во неговата соба кој ќе го надополните со соодветниот прибор за неговата возраст.Пред почетокот на школската година нека започне да се запознава повеќе со тој простор, за таа цел одредете му некоја активност како цртање, разгледување на сликовници, читање, пишување и слично.

Вашата улога како едукатор применете ја и низ игра покажете му како ќе се одвива наставниот процес. На забавен начин своето дете научете го дека во текот на наставата мора да биде мирно и послушно и охрабрете го што почесто да крева рака доколку го знае одговорот на поставеното прашање.

Доколку вашето детенце е прваче, вклучете го во набавката на книги, прибор, ранче и облека. Лавината на страв која детето може да ја почувствува на првиот ден од почетокот на училишната година спречете ја на тој начин што пред почетокот на годината патот до школо ќе го учите заеднички преку прошетки.
crp_20151216150550_42591dede50c23288ace38c9b4ada0e3
Разгледајте ги и училишните игралишта, а доколку условите дозволуваат погледнете и заеднички низ прозорците.

На првиот училишен ден на време бидете пред училишната врата и низ широка насмевка  охрабрете го и кажете му колку сте горди на неговиот прв школски ден. 

Кај децата кои се исплашени и по првиот училишен ден стравот од непознатата средина најдобро ќе успеете да го надминете заеднички доколку во ранчето, детето со себе го понесе омилениот предмет.

Доколку вашето детенце е страмежливо разделбата пред училишната врата не ја одолговлекувајте, ова е една од најголемите грешки која родителите ја прават.
На тој начин само ќе му ја отежнете разделбата.

Затоа насмевнете му се, бакнете го, поздравете го и оддалечете се.