Како делува хемиски пилинг и зошто се препорачува за време есенските денови?

од  |  0 коментари

Од разговорите со моите пациенти често доаѓам  до заклучок дека доста се трудат во спроведување на вообичаените грижа, користат скапи козметички производи, но очекуваните резултати  често се отсутни. Зошто? Одговорот е едноставен и се однесува на способноста или неспособноста на кожата да ги апсорбира потребните состојки кои и ги нанесуваме. За да хранливите материи од препаратите навлезат во кожата, таа треба да се ослободи од старите слоеви кои не  ја прават уморна и постара отколку што навистина е – открива д-р Весна Ѓорѓиеска.

e-matrix-antirides-cicatrices-acne-avant-apres-vergeture

Она што и е потребно на дехидрираната кожа после изложување на сончева светлина е токму хемиски пилинг. Тоа е козметичка процедура што квалитетот и текстурата на кожата ги подигнува на едно ново ниво. Примената на одредени киселини, пред се трихлороцетна киселина, ги отстранува површинскиот слој на кожата која е веќе опфатени со посебна хиперпигментација, брчки и лузни. И тоа не е се. На тој начин се поттикнуваат фибробластите, кои се одговорни за производство на колаген и еластин, одговорен за цврстина и флексибилност на кожата. За да се постигне максимален ефект, се препорачува серија од четири поврзани  третмани заедно со креми за обновување и заштита од сонце.

unnamed

Таквиот одговорен пристап, може да спречи можна појава на пигментација која може да се случи, ако не се почитуваат препораките после третманот. Затоа, есен е идеално време за хемиски пилинг, бидејќи тој ја отстранува заштитна бариера на кожата, а новиот слој е доста чувствителен. Со отстранување на површинскиот слој на кожата, се овозможува развој на нов, кој е понежен, помек и подмлад. Тенот станува видливо мазен, а кожата затегната и сјајна. Така подготвени, може да ги искористиме предностите на сите потребни хранливи материи од кремите, како и витамини, минерали, хијалуронска киселина и антиоксиданти од мезотераписките коктели. На овој начин, кожата е темелно и комплетно обновена.

Хемиски пилинг е медицинска постапка и мора да се врши само од страна на лекар со знаење во оваа област. Многу важно да се почитува целиот протокол, да се објасни на пациентот за несакани ефекти како што се црвенило и лупење, особено да се истакне важноста на заштитата на кожата со цел да се спречат можните компликации. Тоа се моќни пилинзи кои делуваат подлабоко во кожата  и обновување е дел од процесот кој треба да правилно да се изведи – заклучува д-р Весна Ѓорѓиеска, кој беше експерт за хемиски пилингзи.