Грешки кои најчесто почетниците ги прават во текот на тренингот.

од  |  0 коментари

Тука ќе наброиме некој од секојдневните рутини кои најчесто ги правите грешно и како почетник, а и како напреден вежбач, па би ви препорачале да ги избегнете, така што ќе го забрзате својот напредок, ќе ги спречите евентуалните повреди и можните разочарувања од неуспех.

Што подолго време останувате во теретана тоа подобро. Една од главните рутини и ставови кои вежбачите ја практикуваат мислејќи дека е исправна е токму оваа. Постигнувањето на најдобри резултати не зависи токму од ова, градењето на мускули е долготраен процес и потребно е време за тоа. Одморот на вашето тело е неопходен како и сонот, правилната исхрана, добро составена програма која ќе одговара на вас и вашите претходно поставени цели, а не постојаното и прекумерно вежбање кое ќе ве донеси до превежбување, губиток на енергија и евентуални повреди.
Во ваквите случаеви тоа не е воопшто добро. Препорачливо е да се тренира од 3 – 5 пати неделно.

Прескокнување на загревањето и истегнувањето пред започнување со тренинг.Најосновно и најважно што морате да направите пред да започнете со изведување на вежбите и започнување со тренингот се токму овие две правила да се загреете и добро истегните цело ваше тело со тоа избегнувајќи го изложувањето на повреди.
14875001_10208536008450805_1063443146_n
Суплементите се клуч на успехот. И овој е еден став на кој вежбачите се наслонуваат и веруваат во тоа, но сепак не е баш така. Суплементите нема да ги заменат вашите 3-5 дневни оброци, а нема ни да го заменат тренингот или да направат кардио за вас. Со ова разјаснување стигаме до тоа дека не можат да бидат клуч на успехот во вашиот бодибилдинг поход. Тоа всушност се додатоци во исхраната и баш така сфаќајте ги! Навистина тие имаат своја улога во спортот ама само суплементите не се рецепт за успех. Занемарување и необрнување внимание на исхраната

Неверојатно е како многумина забораваат на главниот клучен фактор за постигнување на успех ИСХРАНАТА. Најчесто се јавува проблем во изборот на намирници и пијалоци како и количината на внес на исхрана. Ако градите мускулна маса треба да знаете дека мора да внесувате повеќе калории одколку што сте потрошиле (калориски суфицид) или ако сакате да да ослабите односно да изгубите телесна тежина морате да потрошите повеќе калории од тоа што сте внесиле (калоријски дефицит). Треба да се држите околу тоа вашата храна односно оброците се состојат од пилешко, риба, изварка, интегрални тестенини, овошје, голем внес на зеленчук, зрнести плодови и многу, многу вода во текот на денот.

Генетиката е виновна. Ова тврдење е донекаде точно, но фактот дека на некој му е полесно, а на некој потешко да ги изгуби мастите и обратно зависно е од градбата на телото. Но заклучно секој кој посветено, интезивно тренира, се храни и одмара, после одредено време ќе оствари напредок и ќе изгради тело за кое што сонувал остварувајќи ги своите цели. Вие можи да бидите едни од тие кои ќе веруваат во ова, но пред се мора да се биди и реален, се работи за вашата лојалност и издржливост. Но никако не заборавајте и на трпението кое мора да го имате. Посветен тренинг за дефинирање и обликување на вашите нозе и задник изоставајќи го горниот дел. Сите сакаат добро оформени нозе и задник. Во тоа нема ништо лошо, но морате да ги тренирате и останатите мускулни групи вклучувајќи го и горниот дел кој е пола тело. Изоставајќи ги тренинзите за останатите мускулни групи доведува до нарушувања на пропорциите на вашето тело како и зголемување на можноста од озбилни повреди и слично.

Избегнување на кардио тренинзите. Кардиото е основа за добра здраствена кондиција како и добра циркулација и затегнување на мускулите и ослободување од вишокот на масти. Затоа и докторите како и фитнес инструкторите препорачуваат редовно да се практикува кардио тренинг вклучувајќи трчање, брзо одење(пешачење), користење на кардио справите итн.

Прескокнување на загревањето и истегнувањето пред започнување со тренинг .
Една од најчестите и основни пропусти кои вежбачите свесно или несвесно ја прават е токму оваа. Загревањето и истегнувањето се клучни и основни правила кои морате да ги применувате. Со тоа вие го одбегнувате изложувањето на вашето тело на повреди кои можат да бидат и сериозни. Овие две основни правила нема да ви одземат многу време но со сигурност ќе ви гарантираат дека вашето тело е спремно за започнување со предодредените вежби и тренинг.