Како емоциите влијаат врз донесувањето на вистинската одлука?

од  |  0 коментари

Што најчесто влијае врз донесувањето на одлуките?
Колку сте одлучни ? Дали брзо донесувате одлуки или се колебате?
Одолговлекувањето на донесувањето на одлуки може да започне од чувството на негативни емоции, а со тоа донесувањето на одлуките да се оддолжи.

Дали при донесувањето на одлуките се базирате врз разумот или врз емоциите?

Да ја разгледаме оваа проблематика низ психоанализа…
Психоаналитичарот Зигмунд Фројд релацијата помеѓу оправданоста на донесувањето на разумни одлуки и одлуки под влијание на емоции го објаснал низ метафората наречена ‘’коњот и јавачот’’.  Помеѓу нив постои постојан конфликт помеѓу оправданоста и емоционалниот импулс. ‘’Јавачот’’ е метафора за причината за донесување на одлуките, а ‘’коњот’’ изворот на емоционалните импулси. Начинот на кој луѓето наоѓаат средина и решение на конфликтот помеѓу разумот и емоциите го одредува степенот на детерминираност при донесувањата на одлуките, дали тоа го прават раумно и ефективно или пак го одолговлекуваат нивното донесување поради емоционални причини и сомнеж.
Оваа метафора го става акцентот на правење на нештата веднаш, или пак во разумно време, на разумен начин со цел подобрување на продуктивноста и зголемување на перформансите.

диигг

‘’Коњот’’ (емоциите),  пак знае две нешта: доколку не се чувствува добро за нешто тој се оттргнува, или пак доколку патеката по која оди му изгледа разумно тој оди по неа. Кога ‘’коњот’’ (емоциите) во оваа врска одлучува тогаш тој ќе се одлучи за патот со најмал отпор, и ќе одлучи да оди по патот кој ќе му донесе задоволство со цел да ја избегне болката од одењето по стрмниот пат.

‘’Јавачот’’ (разумот) пак симболизира друг ментален процес, на повисока инстанца. Тој прави анализа, конекции, планови и ги регулира акциите, ја очекува промената, ја одржува перспективата, донесува одлуки за превеземените акции и ги решава проблемите кои ќе настанат на патот. Кога ‘’коњот’’ (емоциите) се обидува да ја избегне реалноста на ‘’јавачот’’,’’ јавачот’’ е веднаш спремен да го насочи коњот.
Со други зборови, разумот секогаш може да влијае врз емоциите и да ги насочи во правилна насока со цел донесување на оправдани и разумни одлуки кои тие само со своето влијание би ги избегнувале .

Што можеме да заклучиме од оваа метафора?
Доколку сме посвесни за актуелната ситуација во која се наоѓаме, имаме опција да ги погледнеме нештата од поинаква перспектива, онака како што тоа би го гледај ‘’јавачот’’ –разумот.

Одлуки Y
Кога се соочуваме со персонални предизвици, почитување на рокови  и правење на драстични промени можеме да се соочиме со донесување на Y одлуки.
1) Одлуки основани врз нашите емоции, односно под чувството на притисок  да го избереме патот со најмал отпор и најмалку ризик  и да се избере пат кој води кон некоја покомфорна зона.

2) Разумни одлуки – избирање на приоритети, правење на продуктивни нешта кои ќе водат кон напредок.

Емоциите најчесто целат кон избор на безбедност пред ризик.
При изборот помеѓу 1 или 2 , односно изборот на нешто комфорно или нешто сосема ново потребно е соочување со емоционалниот дискомфорт кој ќе го чувствувате и да се придвижите кон правењето на потребните чекорри за избор на приоритетните цели.

Двојна агенда
Избор помеѓу јасно дефиниран план или делимично дефиниран план.
Да земеме за пример: работите на анализа на годишни планови, вашата јасно дефинирана агенда е дека ќе започнете да работите, ќе анализирате и ќе ја завршите својата работа. Иако процесот ви изгледа тежок, потребни ви се резултатите.

Доколку имате делимично дефиниран план, вие веќе сте планирале извештајот да го започнете порано, но работата одзема многу време, има премногу чекори кои е потребно да се следат, постојат грешки со кои можете да се соочите, а веќе сте започнале да се сомневате во своите способности работата да ја завршите навреме и постојано ја одолговлекувате нејзината реализација поради постоењето на страв од лоши резултати и неуспех.

Двојната дилема има секогаш едно решение- превземете ја работата во свои раце и поместете ја во продуктивна насока. Колку повеќе пракса стекнувате во решавањето на своите проблеми и дилеми толку подобро ќе ја имате контролата на своите одлуки во свои раце.

Кога размислувате за двојно сценарио тогаш потребно е да се соочите со два предизвици; 1) препознавање на конфликтот,  2) примена на вештините за  организација, насочување и постигнување на целите.

Разум или нагони?

Правењето на жртви во моментот има свои бенефити на долг рок, но затоа пак избегнувањето на жртвувањето на одредени нешта со цел избирање на полесниот пат со  цел правење на кратткорочна одлука е причината поради која се појавува конфликтот помеѓу емоциите и разумот.

Кога донесувате важни и долгорочни одлуки или пак моментални краткорочни одлуки многу е важно да не ги одолговлекувате активностите кои водат кон нивно решавање. Направете анализа што е она на кое најмалку сте посветиле внимание и решете го. Започнете со решавање на сите чекори постепено започнувајќи од најважните. Размислувајте во насока на добивање на продуктивни решенија од секоја донесена одлука, фокусирајте се на предностите кои на долг рок, бидете толерантни но не бидете премногу емоционални за да не ги оддолжувате своите одлуки. Бидете реалистични, и движете се во насока на постигнување на продуктивни резултати.