Како донесуваме одлуки?

од  |  0 коментари

Секој наш ден е составен од активности и донесување на стотици мали одлуки: ќе го носам ова, ќе го купам ова, ќе направам ручек, виќендов ќе го искористам за убаво да се наспијам, ќе одговорам на овој e-mail…
За повеќето секојдневните рутински или пак нерутински одлуки не се тешки, за други пак правењето на одлуки –големи и мали сепак може да предизвика потешкотии.

Колку често додека седите во ресторан ви се случува да го промените своето мислење околу нарачката и сеуште да не сте сигурни дали сте избрале добар оброк или пијалок од менитo?
Некогаш и наједноставните одлуки може некому да се се тешки.

Доброто одлучување е вештина која на некои луѓе одлично им оди од рака, додека пак на други им предизвикува потешкотии. Целта на правењето на одлуките е избор. Изборот може да биде збунувачки, избирањето може да ви предизвика анксиозност…
Колку често откако сте донеле некоја одлука сте посакале да не сте ја донеле?

Вештината за донесување а добри одлуки е доста важна.
Зошто?
Затоа што во животот се среќаваме со бројни избори, започнувајќи од наједноставните нешта во животот ( Каква боја на кошула да облечам за денешното интервју?, Што да изберам од менито?), до сосема сериозни животни прашања.

Што е потребно за да ја подобрите својата вештина во донесување на одлуки?
Со вас споделуваме неколку стратегии кои се особено важни

1. Прифаќање дека не можете да изберете се.

Донесувањето на одлуки значи понекогаш затварање а вратите на други можности, мали но и големи. Не можете да прифатите се оддеднаш, по некои патишта нема да одите, некои кариери нема да ги изберете, и нема да искусите одредени искуства во животот.

Дали врската со бившата девојка ќе ми успееше доколку се потрудев повеќе?
Доколку не изберев правен факултет, сега ќе имав свое уметничко студио,а не адвокатска канцеларија во која немам простор за креативност…..

Можете да размислувате за своите одлуки, но не и да ги вратите направените нешта назад. Живеењето во сегашноста значи прифаќање на одлуките во целост со цел живеење на похармоничен и посреќен живот.

2. Предолго размислување
Разгледувањето на сите аспекти при донесувањето на одлуките е одлично, но не дозволувајте си преголемо и предолго преиспитување на своите одлуки. Добрите одлуки најчесто се заосноваат на интуитивноста, не на преиспитувањето на бесконечните низи на податоци кои само дополнително ќе ве збунат и предомислат.

3.Не одложувајте ги своите одлуки
Постои време кога е потребно некои одлуки да ги ставите на stand-by. Можеби потребни ви се повеќе информации, консултации со стручни лица или пак избегнување на некој стресен период. Предолгото одложување на одлуките на вашето работно место може да значи нивно превземање на некоја третаа странка, или пак правење на импулсивна одлука која подоцна ќе ви донесе немир.

4.Верувајте и на својата интуиција
Интуицијата е импресија, перцепција на нашата потсвест,внатрешниот глас, кој е одличен извор на информации. Не игнорирајте ја. Но внимавајте импулсивноста не е интуиција. Импулсивноста е потребата да се направи нешто за да се задоволи некоја емоционална потреба во моментот, но најчесто импулсивноста во донесувањето на одлуки не е добар водич за донесвање на одлуки.

5.Некои одлуки не го донесуваат крајниот резултат кој сме го очекувале, но тоа не значи дека сме погрешиле во нивното донесување.

Пример: сте донеле одлука со пријателите да одите на летен одмор. Ги правите резервациите, патувате и првиот ден кога пристигнувате на место од хотелот каде што треба да престојувате започнува да врне. Целиот одмор го поминувате седејќи во апартманите и обвинувајќи се себе си за донесувањето на таквата одлука. Не сте донеле лоша одлука, само некои непредвидени нешта ви е случиле, не овинувајте се често зад добрите одлуки може да стои нешто на кои не сте внимавале или пак се случило неочекувано, но тоа не е причина да се чувствувате разочарано или да не верувате во својата способност на донесување на одлуки.
Извор:https://psychcentral.com/