Куклица – градот на камените куклите

од  |  0 коментари

Во североисточна Македонија, некаде на околу 70 километри од Скопје се наоѓа едно исклучително убаво природно чудо. Во селото Куклица во близина на Кратово ќе видете импозантен мини град составен од карпи чии жители готово 100% потсетуваат на луѓе! Пред да Ви ја раскажам целата историја морам да спомнам дека она што гледате на слика е вистинско од природата, човечката рака не ја има моделирано ниту една од овие скулптури. Овој мини град е составен од Долна и Горна маала, легендата кажува дека се работи за мини свадбена веселба и дека се работи за една убава љубов за момчето од Долната и девојка од Горна мала. Момчето и неговото семејство се собраа и отидоа во горно маало да ја земат невестата. Кога почнала веселбата, љубоморната млада девојка ги урочила и ги проколнала да се скаменат за цел живот, затоа што таа не можела да го придобие саканото момче кој се жени за друга девојка, тогаш тие така останаа скаменети.

Верувајте кога ќе ги видете овие импозантни слики во живо ќе разберете дека овие карпи навистина наликуваат на луѓе. Невестата и младоженецот, кумот, старосватот сите се собрани на место а сличноста со човечките силуети е неверојатна. Затоа морате да ги посетите за да го почувствувате духот за легендата која се прераскажува и да се почувствува сличноста која е неверојатна. Овој локалитет да беше некаде во Англија тогаш Англичаните би направиле чудо од тоа, само потсетете се на Stonehenge и се што тие прават околу тоа, за жал нашата Балканска реалност е таква а посебна нашата Македонска, па досега само успеевме да го осветлиме локалитетот со рефлектори за да можат да се гледаат навечер, но затоа има 4 километри неасфалтиран пат до самиот локалитет и воедно нема ни добра патна сигнализација која покажува како странските туристи би можеле полесно да го пронајдат овој град. Затоа ако Ви остани време за посетување тогаш можете воедно да го посетите и еден од најубавите манастири во нашата држава Свети Јоаким Осоговски кој се наоѓа во Крива Паланка. Посетата на овој преубав манастир само може да Ви го разубави впечатокот за убавината на овој не откриен регион на нашата држава.