Охрид, македонски и балкански бисер!

од  |  0 коментари

Градот Охрид се наоѓа на северната страна на Охридското езеро, на надморската височина од преку 700 метри. Со својата положба, историја, природната убавина, клима и изгледот, со можност за одмор и забава со право е наречен македонски и балкански бисер.

Тука е пред се, неговата стара словенска архитектура. Развивајќи се меѓу средновековните ѕидини, на брдото и делот уз брегот на езерото, градот има градежна традиција. Приземните ѕидови се од камен, а зградите високи, со бела фасада и темно урамени прозорци.

Меѓутоа, она што посебно го обележува Охрид и околината се негови стари манастири и голем број на цркви. Манастирот познат како Свети Климент изграден е во 13. Век, а посветен е на заштитникот на градот Свети Климент Охридски. Ова личност доаѓа во Македонија во 9. Век, го шири христијанството и кирилицата и основува Охридска книжевно училиште. Го означил почетокот на новото доба во уметноста во овие краеви. Самиот манастир, денес црквата, се наоѓа во стариот дел од градот. Во основата на црквата е опишан крст во правоаголен простор. На тремот на црквата пронајдени се ремек дела на охридската збирка на иконите. Збирката ја сочинуваат повеќе од 30 икони со врвен уметнички квалитет, кои се одликуваат со прецизна обработка на минијатурни релјефи. Меѓу најзначајните се иконите на Свети Василиј и Свети Никола прикажани во природна големина, потоа икона на Богородица и Христос со композицијата на Благовести и Распнувањето, од 14. Век. На Плаошник, ридот над стариот дел од градот, осветен е новоизградениот храм Свети Климент и Пантелемон, каде што повторно се пренесени моштите на Светиот Климент, првиот словенски епископ. Во знакот на сеќавањето на ова истакната историска личност, на плоштадот во центарот на Охрид поставен  е монументален споменик на Свети Климент, ремек дело на скулпторот Томе Серафимовски.

Најблискиот соработник на Свети Климент бил Свети Наум, на кој му е во 16. век, на јужниот брег на Охридското езеро, на 26 километри од градот Охрид, изграден денешниот манастир на темелите на базиликата кој ги изградил свети Наум. Во манастирот, кој има две кубиња, голема вредност има иконостасот изработени во дрво и животописот Свети Климент и Свети Наум, учениците и наследниците на браќата Ќирил и Методи од Солун кои први ја формираа првата словенска азбука – глаголица, покасно претворена во поедноставно писмо – кирилица. Го основаа Пансловенскиот универзитет во 9. Век и старословенски книжевни јазик, со кој го ширеа кириличното писмо и православието, на брегот на езерото во Охрид се наоѓа споменикот од бронза на мермерната основа на скулпторот Томе Серафимовски.

Црквата Света Софија, седиштето на охридската епископија помеѓу 11. и 14. век, изградена е на темелите на рано христијанската базилика и преставува една од најголемите средновековните цркви на овие простори. Црквата има отворена галерија и две куполи, а во неа се наоѓа бројни фрески ( животописи ) од различни етапи, меѓу нив и Ангелот на Светата Софија. Во овој катедрални храм настанала ( 1961. година ) манифестацијата Охридско лето, кое трае повеќе од четири децении. На самиот брег на езерото, на едно узвишение, во стариот дел од градот се наоѓа црквата Свети Јован Канео, изграден кон крајот на 13. век. Црквата има хармоничен облик, а посебен значај имаат фреските. Постојат и бројни други манастири и цркви како што се Свети Тројца, Свети Никола Геракомија, црквата Свети Еразмо и Свети Стефан, Света Богородица Каменска  и други.

Враќајќи се во далечното минато ќе спомнеме дека во Охрид се наоѓа Самуиловата тврдина од 10. век со градските ѕидини, изградена во времето на Македонското царство, Античкиот театар и остатоците на рано христијанската базилика од 5. век. Охрид со околината останува претставник на духовната уметност, граден под големо влијание на византиската уметност, со исклучок на времето на Свети Климент и Цар Самуил.