Кушадаси – најатрактивниот град на Егејското море

од  |  0 коментари

Кушадаси ″Островот на птиците″, е најпопуларното турско летувалиште на Егејското море. До пред дваесет години ова беше мало рибарско село, а денес е реномиран туристички центар со многу дуќани, преубава марина и живописен централен плоштад – пешачка зона.

Кушадаси е изграден на местото на античкиот град Neapolis, па во текот на својата историја бил познат под тоа име, но и по името Нови Efes и Scala Nuova. До 15 век со градот управувале трговците од Џенова и Венеција, а Турците го освојуваат 1413. година и под нивната власт тој е и денес. Денешното име на градот потекнува од два збора – остров(ada) и птица (kus). 

Кушадаси каков што денес постои бил основан од страна на Венецијанска Република во 16. век како колонија. Изграден е дворец на островот за потребите на набљудување, а и градот е окружен со ѕидини, како полесно би се заштитил од нападот на пиратите. И денес во градот можат да се видат градските ѕидини, но само една, а некогаш ги имаше три.

Во близината на Кушадаси се наоѓаат бројни антички градови, Ефес, Дидим, Пријена, Милет, а на оддалеченост од 25 километри се наоѓа националниот парк, од кој се протега поглед кон Грчка и островот Самос. Патот до преубавиот остров Самос трае околу два часа, тоа е едно од поголемите острови на Грчка, со зелени планини, преубави плажи и бројни археолошки локалитети.

basilica2

Најпопуларните атракции на островот се:

Еупалинос тунел – сограден е во 6. век пред новата ера, долг е повеќе од 1 километар и оди преку ридот. Тунелот е потполно осветлен, така да можете слободно да поминете. Манастирот Panagia Spiliani – посветен е на Ваведение на пресветата Богородица Марија. 
Археолошкиот музеј– Музејот ја чува збирката на предмети: керамика, пари, предмети од бронза, а тука се и женски статуи. Сите предмети кои се наоѓаат во музејот откриени се 1980. година во светилиштето Хераион.  Храмот на Хера – Се верува дека божицата Хера е родена на местото каде што денес се наоѓа храмот. Од 135 столбови, колку биле, останал само еден.
Потами водопади – Ова е најубавиот дел на островот, идеално место за прошетка и рекреација, но и за релаксација. Можете да шетате покрај реката, низ шумата, се до малото езеро и водопадите.

Доколку Ве интересира како изгледа светското чудо, дојдете во Ефес, затоа што тука се наоѓало едно од седумте светски чуда, храмот посветен на грчката божица Артемида. Според легендата градот го основале жените ратници – Амазонките. Во Ефес боравел Свети Павле, од својата 65 до 68. година, проповедал и тука настанало Евангелие по Јован.

Милет е уште еден древен град кој можете да го посетите, а се наоѓа во близина на Кушадаси. Овој град бил филозофски центар и родното место на Талес, Анаксимандар и Анексиманес. По Новиот завет, Милет е местото каде што апостолот Павле се сретнал со старешините на ефеска црква, непосредно пред да биде фатен и однесен во Рим.   

Кушадаси се наоѓа на 95 километри јужно од Измир, наспроти грчкиот остров Самос. Со понос ја носи репутацијата ″најатрактивен град во Егејското море″, а за тоа може да се заблагодари на убавината која го карактеризира, и на сето она што се наоѓа во неговата околија.

Преубавите плажи, чистото море, историја на дофат на рака, Националниот парк, сето тоа ќе го најдете кога ќе го посетите ова симпатично турско летувалиште. Баровите, кафулињата, дискотеките, рестораните – не грижете се, се ќе Ви биде на располагање.

Ние ова лето со сигурност ќе го посетиме Кушадаси. Доколку и вие сакате тоа да го направите ние ви предлагаме тоа да го сторите преку Ариес Травел.