Анталија – бисерот на турското крајбрежје

од  |  0 коментари

Самиот факт дека Анталија ја посетуваат повеќе од милион туристи годишно зборува дека оваа област важи за туристичка престолнина на Турција. Се наоѓа на медитеранското крајбрежје во истоимениот залив, а на туристите им се на располагање 300 сончеви денови.

Анталија има богата историја, убави плажи и луксузни хотели од кои ќе Ви застане здивот. Во нејзината близина се наоѓа планината Таурус која е покриена со борова шума што поволно влијае на климата.

 

Според легендата, градот го основал кралот Атал II од Пергамон и му дал име на градот Аталеја. Токму на ова место го има пронајдено она што го барал – рајот на земјата. Анталија важи за бисер на Турското крајбрежје, кој е поделен на два дела – од една страна е стариот дел на градот Калиечи со марина, а вториот дел е современ, со широки улици, булевари и згради.

Waterfall-Antalya

Лара – Кунду е нова област, каде што се наоѓаат луксузните хотели изградени на песочните плажи кој што се долги осум километри, додека на втората страна на градот се наоѓа Коњалти плажа.

Она што посебно ја издвојува понудата од голем број на хотели во Анталија е тоа што се наменети за семејни летувања, па така да и најмалите имаат свој посебен мени за исхрана кој е прилагоден за нив, бебињата имаат свои столици, тука се и многубројни грандиозни аквапаркови инспирирани од Дизниевите приказни, лизгалки, стручни анимациски тимови кои  ги освојуваат децата со тематски престави … Најдобриот показател колку Анталија е посетена е тоа што на секои три минути на аеродромот слетува по еден авион со туристи.

Во стариот дел од градот туристите можат да го посетат квартот Калеичи, каде што можат да пазарат теписи, сувенири, различни ракотворби кои се типични за Турција. На излезот од Калеичи сместена е Хадријановата капија, соградена во чест на римскиот император Хадријан. Во стариот дел на градот Анталија, сместена е и марина, каде што се наоѓаат домашни, но и модерни јахти.

bpic011

На југоистокот на Анталија се наоѓа величествен водопад Дуден. До него може да се дојде преку добро асфалтиран пат или користејќи јавен превоз. Реката Дуден со својот пад од планината Таурус формира водопад кои е долг 15 и широк 20 метри. Под водопадот се наоѓа пештера. Тука е и ботаничката градина, а посетителите можат да уживаат додека го служат шумот на водата.

Фаселис бил древен ликијски град, кој се наоѓа помеѓу планината Беј и националниот парк Олимпос, 16 километри западно од Кемер. Во него постојал храмот на божицата Атина, а од таму потекнувал и познатиот поет и оратор Теодект.

Ние ова лето со сигурност ќе ја посетиме Анталија. Доколку и вие сакате тоа да го направите ние ви предлагаме тоа да го сторите преку Ариес Травел.