Ласерска рејувенација

од  |  0 коментари

Надворешните фактори како сонцето, пушењето, загдената животна средина, стресот се причини за забрзано стареење на кожата. Како резлутат на стареење кожата станува сува, не еластична, се појавуваат првите линии и брчки, можна е појава на пигментација (фотостареење), а понекогаш се појавуваат и проширени капилари.

Всушност овие се и првите знаци на стареење на кожата т.е. првиот аларм кој укажува дека на кожата и е потребна една поинаква нега. Со цел да се успори процесот на стареење на кожата покрај домашна нега потребно е третирање на кожата со ласерски третмани.

emerge_2
Со помош на ласерската рејувенација се стимулира синтеза на нов колаген, при што кожата станува здрава и сјајна со видливо намелени брчки.

Овој третман е голем хит и еден од најпопуларните анти eјџинг третмани.

За максимални ефекти потребни се 3-5 третмани кои се прават со фрекфенција на 3-4 недели.