Лето во Paralia –Грција

од  |  0 коментари

Паралиа е туристичко место кое се наоѓа во подножјето на планината Олимп оддалечено на 6km од Катерини.Паралиа е најпознатото и најголемото летувалиште во олимпискиот регион. Во превод Паралиа значи плажа. Секое лето илјадници туристи од целиот свет ја посетуваат Паралиа.
paralia
Ова место е уникатно, со својот шарм го одзема здивот. Песокот на плажите е најситен, а водите на Егејското море се топли и чисти. Во водите нема да најдете опасни риби, а спасителите на плажите ги има насекаде.
Паралиа се гордее со своето Сино Знаме- високо признание добиено за своите чисти води, чисти плажи и грижата за околината.
paraliavrasna
Оваа летна дестинација е одлична и за оние со скромен буџет затоа што цените ширум островот како за сместување така и за храна се достапни за секого.
Ноќниот живот е одличен. На овој остров можете да најдете безброј ноќни клубови, а доколку патувате со тинејџери постојат безброј организирани забави на плажи со специјални ефекти и ласери за и тие да уживаат во својот престој. Паралиа, Катерини е одлично место и за шопинг . Центарот на летувалиштето изобилува со продавници за сувенири, златото тука е доста ефтино, а палтата од крзно можете да ги набавите дури и за половина од својата реална цена. Не заборавајте да преговарате со продавачите, можеби ќе успеете да добиете одлична цена за својот избор при купувањето.
Доколку сакате да крстарите не пропуштајте го крстарењето на Скијатос, ќе бидете воодушевени и ќе споделувате одлични спомени од летото.

За сите вас кои не сте ја посетиле еве и кратко видео во кое можете да погледнете како ова туристичко место изгледа

Традиционална храна која мора мора да ја пробате додека сте во Паралиа: Sagamaki со сирење, грчка салата, ракчиња saganaki, пита со спанаќ, Tzatziki, Keftedes, Dolmades (сарма во лозов лист),Souvlaki, Kreatopites,грчка пилешка салата , хумус, мариниран октопод, Skordalia, а за пијалак да изберете  од традиционалните Ouzo, Metaxa, Alexandrion .

Souvlaki

Souvlaki

Погледнете препорачани популарни места од посетителите за храна во Паралиа на следниот ЛИНК: 
Погледнете препорачани ноќни клубови, барови и плажи кои нудат одлична забава на следниот ЛИНК

Искористете ја Last Minute понудата на Ариес Травел  за Паралиа и уживајте во одличен одмор по одлични цени.

За повеќе информации за нивната понуда за ова лето погледнете на следниот ЛИНК со кликање ТУКА