На летна авантура во Закинтос

од  |  0 коментари

Zante е еден од најбавите бисери на Јонскиот архипелаг. Овој преубав остров се наоѓа најјужно и е трет по големина од седумте Јонски острови. Неговата пиродна убавина: долгите песочни плажи, тиркизното сино море, топлата клима го прават Закинтос еден од најубавите острови во Грција.

crop

желки
Закинтос е добро познат по своите долги песочни плажи од кои би ги издвоиле (Agios Nicolaos, Alykanas,  Navaggio – Laganas, Vasilikos, Tsilivi …), најголемиот природен резерват на загрозени видови на морски желки од типот Caretta-caretta, но и по својот бурен ноќен живот .
LAGANAS е најголемото и најдинамичното летувалиште на островот оддалечен од главниот град околу 9 km.
zakynthos-map-660x348
Со своите прекрасни песочни плажи, добрата местоположба , богатата понуда е најголемото и најдинамичното летувалиште на островот оддалечено од главниот град околу 9 km. Азурно сини плажи и ситен песок, совршено идилична слика во кој ќе уживате ова лето. Zante е главниот град на островот Закинтос.
landscapes-nature-greece-zakynthos-beach-m46916
По големиот пожар во 1953 година овој град повторно е изграден во венецијански и византиски стил.  Едно од најфрекфентните делови од градот е Strata Marina. Познато место со историско и културно значење кое може дополнително да се посети е музејот на византиска уметност Markou кој содржи колекција на записи на Dionyssiosa Solomosa  и отворен е од понеделник до сабота од  08:30 до 15:00.
Музејот Zakintosa е отворен од вторник до недела од  08:30 до 15:00 и содржи колекција на локални историски предмети од големо историско значење.

keri_caves3Laganas е одлична туристичка дестинација доколку сакате лето исполнето со аватури и забава. Прогласено е за дестинација во Европа каде младите од 18-30 години може да уживаат во одлична забава и журки, но секако и сите оние кои се чувствуваат млади па макар и на 60 годишна возраст. Оваа туристичка локација пивлекува Британци, Срби , Швеѓани, Германци, Данци. Покрај ноќните клубови во традиционалната но и модерната морска храна може да се ужива во бројни ресторани lounge барови и таверни. Во Laganas коктелите се задолжителни, а забавата трае до утринските часови.
01