Маска за пролетно освежување на вашето лице
Добијте лице без акни и темни точки- оваа маска помага врз избелување и изедначување на тенот на кожата на лицето.
Состојки:
- 1 лажици сода-бикарбона
- јаболкова киселина
- 1/2 лимон
- 1 лажица мед
Подготовка:
Во половина чаша вода (40 ml) додадете 1 лажица јаболкова киселина. 2 мали лажици сода бикарбона постепено растворете во мешавината со вода и киселина. Додадете сок од поливина исцеден лимон на мешавината и на крај додадете го медот.
Мешајте неколку минути се додека не се добие хомогена смеса.
Како да ја користите маската:
Пред нанесување на лицето потребно е убаво и темелно да ги измиете и исчистите лицето од остатоци од шминка. Ова ќе ги отвори порите и лицето ќе може послободно да дише. Убаво исушете со мека и топла крпа. Нанесете ја маската полека и оставете да стои на лицето 5-10 минути . Остранете ја маската внимателно и измијте го лицето со топла вода и завршете со ладна вода со цел да ги затврите порите.
Со оваа маска ќе добиете сјајна кожа и кожа со поздрав изглед.