Колку многу состојки може да содржи еден парфем? Како да пробате парфем без да го нанесете на кожата?

од  |  0 коментари

 

Што значи зборот ПАРФЕМ?

Зборот потекнува од латинскиот јазик и означува “ Сладок мирис на течност која содржи масла од цвеќиња и други супстанции“. Но парфемот има свое оригинално потекло уште од времето кога се правеле ритуали во РИМ . Во храмовите се гореле одеднаш лисја, цвеќиња, зачини, дрвја и други ароматични состојки како дар за боговите. Нивниот мирис се ослободувал преку чадот (per fumum).

Колку парфеми може да мирисате одеднаш? 

Не повеќе од три. Осетот за мирис се нарушува побрзо и повеќе ако мирисате парфеми со слични мирисни ноти отколку ако мирисате парфеми од сосема различен карактер. Вие ризикувате да ги збуните сетилата ако одеднаш во исто време тестирате повеќе мирисни ноти.

Кој е вистинскиот начин за да пробате некој парфем?

Нанесете неколку капки парфем на зглобовите на вашата рака. Не прскајте на празно во воздух зошто мирисот на парфемот може да го почувствувате вистински само ако го нанесете на кожата. Почекајте неколку секунди. Дајте му време да се упие во кожата и нотите да почнат да “зборуваат“ на вас.

Како да пробате парфем без да го нанесете на кожата?

Тестирајте на лист хартија. Се разбира не е исто како да тестирате на кожа, но е најблиску до тоа.

Колку многу состојки може да содржи еден парфем?

Бројката се менува постојано. Но од прилика може да содржи 10, 50, 100 или повеќе различни состојки. Но секако не се водиме по правило дека ако еден парфем содржи повеќе состојки, пример 300 ќе биде подобар и поубаво ќе мириса од оној кој има само 10. Клучот е во комбинирањето на нотите. Дали тие се усогласени заедно и даваат заедно еден мирис кој ќе ве отсликува вас.