Материјалот на софата, еден од факторите за добар квалитет

од  |  0 коментари

Типот на материјал за изработка на софа зависи од повеќе фактори. Освен што треба да изгледа убаво треба да биде и практично. Софите наменети за секојдневна употреба треба да бидат направени од потрајни ткаенини кои да речеме се користат во формални простории како за седница. Некои материјали лесно се чистат, а текстурата исто  изгледа поубаво.

Треба да се има на ум материјалот зависно од домаќинството. Пример една постара двојка без домашни миленици и возрасни деца ќе имаат различни потреби од помладиот пар со мали деца, куче или мачка. Свила може да биде соодветен избор за постара двојка, но не и за помлада двојка.

Издвојувањето време за вистински избор е навистина важно и во секој случај не треба да се смета како лошо потрошено време. Зошто понатаму треба да се размисли  како телото се поврзува со софата, дали телото може да се опушти на истата, какво ќе биде седењето и гледањето филмови, дали кратките дневни преспивања ќе бидат добри…

Купувачите треба да ги разгледаат карактеристиките на секој вид  ткаенина, заштита и одржување и бојата на ткаенината пред купување на троседот од продавница за мебел или онлајн извор.

Видови ткаенини

Различни видови на материјали имаат различни карактеристики како: сила, издржливост, отпорност на дамки и трошоци. Некои материјали пак повеќе бледнеат но се повеќе отпорни на мувла од другите. Ако вашата софа треба да стои во простор каде повеќе ќе  биде изложена на светлина, тогаш не избирајте софа од ткаенина која бледнее. Мебел отпорен на мувла е пожелно да изберете доколку живеете во предели каде преовладува влажна клима. Оние кои страдаат од алергии треба да се разгледаат ткаенини како микрофибер, кој не привлекува прашина.

Природни материјали

Природните материјали отсекогаш биле популарен избор за кауч. Во продолжение се наведени голем број на природни материјали со краток опис на секој од нив. Кожата е еден од најпопуларните материјали на софа. Цврст и траен материјал, кој лесно се чисти и се одржува. Предност на софите изработени од кожа е тоа што со текот на годините материјалот станува помек и помек. Бидејќи лесно се чисти и не се оштетува лесно се препорачува на млади парови, парови со деца и големи семејства. Во секој случај кожата не треба да стои во простор каде има остри предмети, метални рабови и слично. Во многу топли и влажни временски услови има тенденција да стане леплив.

Памукот  не е толку отпорен на дамки или издржлив како синтетиката. Може да биде подложен на оштетување и пукање. Материјалот памук е популарен избор за софи во помирни локации. И покрај тоа што изгледа добро, има тенденција брзо да фати нечистотија во браздите на ткаенината.

Ленот  има слични карактеристики на памук. Иако така спаѓа во повеќето ткаенини кои не се многу трајни. Но ленот е убав и претставува убава опција за домови без мали деца и миленичиња, или за софи кои се користат за поформален простор.
Волната е издржлива и убава, но поскапа од другите материјали и прилично ретка, па  затоа и помалку се користи.
Свилата е мазна и елегантна, но кревка. Тешко е да се задржи изгледот како кога се купила, но сепак софата изработена од таков материјал е елегантна и богато изгледа што го прави просторот совршен во секоја соба во која се користи.

За повеќе информации и интересни содржини следете не на фан страницата Софа Студио.