Каквa софа би избрале? Погледнете какви типови потпирачи за софи постојат…

од  |  0 коментари

Постојат многу типови на софи со различни потпирачи за раце кои може да ги изберете, но кога доаѓа момент истите да се опишат станува малку тешко. Ние избравме колекција од најпопуларните облици на потпирачи за софи и ги претставивме преку фотографии кои ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор на кауч или софа.

Модел “Track Arm“

Овој модел има јасни линии и модерен изглед со правоаголен облик што го прават еден од наједноставните типови на софа.  Во стил кој го претставува средниот век, јасно е дека ова е еден од фаворитите на повеќето клиенти.

Модерен Модел “Scroll Arm“

Многу сличен на погоре прикажаниот модел, но со малку заоблени краеви и впечатливи криви линии. Се вклопува естетски скоро во било каков простор.

Модел “Track Arm“ со клинци

Главна одлика на овој стилизиран модел на софа се клинците кои се ставени по краевите а секако и во надолжна линија по средината на софата. Ова е еден од класичните декоративни модели кој е приметлив и паѓа во очи на секого заради големите метални детали кои ги има.

Модерна Англиска Софа

Современ англиски изглед на софа е со закривени потпирачи кои се меки.

Заоблена тапацирана софа “Pleated Arm“

Ова е еден од моделите кои можат да се повалат со заоблени роловани краеви кои се видливо поголеми и практични за потпирање, направени од ткаенина која е дупло тапацирана.  Во секој случај, овој тросед е комфорен и интересен за изглед.

Модел “Ruched Arm“

Оваа софа има традиционален изглед со роловани краеви  и декоративни елементи од ткаенина што ја прават да има повозбудлив изглед. Овој тип на софа може да биде флексибилен во поглед на димензија. Одговара и во поголема и во помала димензија.

Модел “Pad Arm“

Модел со дупло роловани краеви за потпирање кои се цврсти и стабилни а освен тоа создаваат визуелно креативен изглед.

Модел “Key Arm“

Овие видови модели имаат чисти линии и рабови како квадрат.  Всушност оваа стилска софа има краеви кои изгледаат на клучеви кои прават истата да се одликува со елеганција.

Модел “Shelter Arm“

Една од најмодерните и најудобните модели на софи за потпирање на грбот и дланките.  Овој тросед со облик на наведната крива дава чувство на голема релаксација, баш како да сте легнале во лулка.

Модел “Saddle Arm“

Модел кој потсеќа на седло од коњ. Интересен дизајн. Наменет за луѓе кои сакаат максимална удобност.

Доколку ви се допаѓаат советите или сакате да знаете повеќе за светските трендови за уредување на домот и модерните софи следете ги Софа Студио од Скопје на фан страната https://www.facebook.com/studiosofa/