На кој прст носите прстен? Дали знаете за нивното значење?

од  |  0 коментари

Прстен на показалецот симболизира амбиција, додека пак на палецот одлучност..Открите го значењето на секој прст!

 Освен тоа што е омилен моден додаток на секоја жена, па во скоро време можеме да кажеме дека и мажите се почесто практикуваат да носат прстени. Како и да е, прстенот многу открива за тој што го носи. Од посебно значење е прстот на кој се носи,па така прстенот на показалецот симболизира амбиција, додека пак на домалиот прст покрај тоа што го означува брачниот статус исто така открива и за тоа како се носите со проблемите.

 

mid-finger ring2  Men-engagement-ring-finger  Ring_0

Палец

Раскошен прстен на палецот симболизира јака волја, покажува решителност и недостаток на флексибилност. Овие луѓе сакаат да го наметнуваат своето мислење на другите и мислат дека се секогаш во право. Освен тоа, овие луѓе често и се плашат од промени.

Показалец

Прстен на показалецот симболизира авторитет и амбиција.Со векови многу цареви  носеле прстен токму  на овој прст. Оваа позиција открива дека овие луѓе се родени  да бидат лидери и тие се просто желни за моќ, исто така тие немааат никакви проблеми со недостаток на самодоверба.

Среден прст

Носењето на прстен на средениот прст покажува на индивидуалност и одлична смисла за рамнотежа во животот. Прстен на средниот прст е знак дека оној кој што го носи одлично го распознава доброто од лошото ,но исто така има и потреба се во животот да држи под контрола.

Домал прст

Освен тоа што е симбол на љубовта,знак дека оној кој што го носи е или верен или пак е во брак,прстенот на домалиот прст симболизира креативност на сите полиња од животот. Луѓето што носат прстен на овој прст се  оптимисти, иновативни во решавањето на проблемите.

Мал прст

Прстенот на малиот прст ги открива нашите ставови и погледи на светот. Луѓето кои што носат прстен на малиот прсти ги карактеризира емоционалност,способност и креативност. Одлични се во комуникација со другите и лесно ги препознаваат нивните потреби.