Најдобра шминка за пролет 2014

од  |  0 коментари

Секое годишно време има своја убавина на која секогаш и се радуваме. Будењето на природата, богати бои во природата, не прави да бидеме посреќни и поспремни за мали промени во нашиот изглед.

Пролетен изглед

Секоја промена може да биде голема или мала, а доколку не Ви е до големи трансформации, секогаш можете да посегнете за друга боја на сенките, кармините или сјаевите. Шминкањето е најдобар начин да внесете малу свежина. Време е за нови тренови и најдобра шминка за ова пролет.

Трендовите од година во година не се разликуваат многу, па така ова пролет дизајнерите се одлучиле за природни и дискретни, но сепак забележителни бои кои убаво ќе ги истакнат Вашите очи.

Не се работи за традиционални трендови туку се работи за минимално количество на сенки во пастелни бои. За разлика од сенките во пастелни бои, моливите доаѓаат во различни нијанси, па така се дозволени различни комбинации на бои.

За разлика од очите кои ќе ги украсите со нежните тонови, усните можете слободно да ги истакнете со посилни бои како што се црвената и портокаловата. Ако сте една од оние личности кои не сакаат премногу шминка, тогаш ќе бидете задоволни од тоа дека вашиот начин на разубавување најпосле е во тренд.

Уште еднаш во прв план доаѓа ῎нуд῎ изглед или шминка која остава впечаток дека не сте нашминкани, но пак успеавте да ги истакнете сите Ваши предности. Иако некој мисли дека нема ништо поедноставно од тоа да се стави малку шминка, тие не се во право.

За ваков изглед важно е да имате одлична пудра која ќе се вклопи со Вашата кожа и неутрална боја на руменило кои нема премногу да отскокнува, а пак ќе ја нагласи Вашата убавина. Очите можете да ги разубавувате со земјани тонови, а усните со комбинација на балсам и кармин за усни во нежни нијанси.

Доколку се одлучите за пастелни и земјани тонови знајте дека нема да згрешите ако сакате да бидете во тренд ова пролет, време кога природата уште еднаш има одлучено да ја покажи сета своја раскош. Пронајдете ја вистинската нијанса за себе и блеснете.