Негувајте ја сувата кожа

од  |  0 коментари

За сувата кожа е специфично чувството на затегната кожа по миењето. Лупењето е знак за екстремно сува и дехидрирана кожа. Состојбата на сувата кожа се влошува на ветерот, екстремни температури или поради престојувањето во простории со клима уреди.

Причини за сува кожа

Прва можност е наследен фактор. Сува кожа исто така може да настане поради недоволно активни жлезди. Луѓе кои боледуваат од дерматитис, егземи или псоријаза имаат проблеми со сува кожа. Сериозни проблеми со сувата кожа имаат и дијабетичарите. Исто така проблеми со сувата кожа можат да настанат поради несоодветните диети. Причина е недостигот на нутитивни билни материи во организмот, посебно витаминот А и Б. Многу се значајни и еколошките фактори, како што се изложеноста на сонцето, ветерот, студот, хемикалиите, неадекватна козметика или поради третирањето на кожата со јаки сапуни. Постојаното користење на лекови, вклучувајќи ги диуретиците, лекови против грчеви и против алергија, често како последица е сувата кожа.

Маска за лице

Еднаш неделно користете маска за лице како длабински би го исчистиле лицето. Маската можете да ја направите и сами ако измешате едно јајце, една мала лажица мед, половина лажица маслиново масло и неколку капки вода од роза. Оставете петнаесет минути да делува, а потоа внимателно измијте се со млака вода. Доколку имате проблеми со лупењето на кожата, зголемете го внесувањето на водата. Потребно е почесто да ги мачкате осетливите места за да се заштитат од надворешните влијанија.

Нега

Кога ја чистите кожата никогаш не ја користете жешката вода. Избегнувајте ги пешкирите со груба текстура затоа што ќе ја иритира кожата, а посебно избегнувајте го миењето на сува кожа со сапун и вода, затоа што на тој начин не ги отстранувате само мртвите клетки од лицето туку и природните масла кои ја штитат кожата. Избегнувајте го престојувањето во премногу топли простории, ненадејните промени во температурите и запомните дека лицето е нежно и дека му треба заштита како од студот така и од сонцето. Не излегувајте надвор кога е студено без квалитетна крема на лице, затоа што студот ја уништува влагата на лицето, а ветерот тој процес ќе го забрза. Колку што е можно избегнувајте го сонцето. Тоа предизвикува сушење, брчки, па дури и воспаленија и митесери. Секогаш користете квалитетни креми против сонцето. На сувата кожа и е потребно темелно, но и нежно чистење, кое е комбинирано со масажа и квалитетни масла или лосиони. На кожата и треба силна заштита која им даваат хидратантните креми, со помош на кои кожата може да изгледа мека и влажна. Нежно допирајте го лицето додека го мачкате со кремот, а со врвовите на прстите лесно масирајте ја кожата.

Лековити купки

Еднаш неделно направете млечна купка од која кожата ќе Ви биде негувана и мека. Во топла вода за капење додадете 250 грама млеко во прав и половина лажица масло од бадем. Легнете и пуштете ги мислите да ви летаат додека благотворната купка ја враќа убавината и влажноста на Вашата кожа. Поред тоа можете во водата да додадете пет капки масло од лаванда кое ќе ја нахрани кожата и ќе и пружи неопходна заштита и влага.

Исхрана

Многу е битно да јадете балансирана исхрана која вклучува зеленчук, овошје, житарки и јатки. Јадете храна како што се лук и кромид, јајца, консумирајте жолто и портокалово овошје затоа што е полно со бета-каротен и антиоксиданси. Избегнувајте ја пржената храна, животинските маснотии и пржените масла кои ги создаваат слободните радикали кои се деструктивни за кожата. Диња и морков е одлична храна за проблеми со сува кожа затоа што се богати со витамини А и Ц кои се битни за еластична и мазна кожа. На Вас е да одлучите дали од нив ќе правите сокови или ќе ги јадете во сурова форма. Јадете храна која е богата со витамин Б5, како што се млеко, сирење, природен јогурт, пченкарни семки, зелен зеленчук. Избегнувајте го алкохолот, газираните пијалоци, бел шеќер, чипси и друга нездрава храна а внесувањето на кафе сведете го на минимум. Потребно е дневно да испиете минимум две литри вода, која на кожата ќе и даде потребната хидратација.