НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ

од  |  0 коментари

ekvet-5

Презентиран европскиот систем за стручно образование и обука 09.12.2016, Скопје – Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и универзитетски професори, вчера, пред наставниот кадар од Република Македонија го презентираа ЕКВЕТ системот (Европскиот кредит систем за стручно образование и обука). На конференцијата, одржана во хотел „Континентал“, беше потенцирано
дека ЕКВЕТ претставува техничка рамка за трансфер, признавање и акумулација на стекнати знаења, вештини и компетенции за да се добие одредена квалификација и зголемена транспарентност на образовните системи, можност за размена на искуства, како и синхронизација и мобилност во европскиот простор за стручно образование и обука.

????????????????????????????????????

Со имплементацијата на овој кредит систем, велат претставниците на Националната агенција, ќе се поттикне мобилноста во областа на средното образование, ќе се олесни процесот на доживотно учење и ќе
се промовира стручното образование и обука.
ЕКВЕТ, како што беше потенцирано на конференцијата, е европски инструмент за промоција на заедничка доверба, мобилност и препознавање во стручното образование и обука. Овој систем ќе го олесни трансферот, признавањето и акумулацијата на проценетите резултати од учењето, ќе го подобри општото разбирање на резултатите од учењето на граѓаните, ќе оствари мобилност и преносливост во земјите во областа на доживотното учење, ќе ја подобри преносливоста на квалификациите на национално ниво меѓу различни сектори на економијата и на пазарот на трудот и ќе придонесе за развој ипроширување на европската соработка во образованието и обуката.