Нова Година во величенствената Грузија

од  |  0 коментари

Божиќ и Новогодишните празници се приближуваат. Доколку сеуште се прашувате каде да ги прославите, тогаш погледнете зошто Грузија е одличен избор кога станува збор за патување.

People walk on the street illuminated with Christmas decorations in Tbilisi, December 6, 2009. REUTERS/David Mdzinarishvili(GEORGIA SOCIETY RELIGION IMAGES OF THE DAY)

People walk on the street illuminated with Christmas decorations in Tbilisi, December 6, 2009. REUTERS/David Mdzinarishvili(GEORGIA SOCIETY RELIGION IMAGES OF THE DAY)

Накратко доколку сакате релаксирачки одмор и неверојатни пејзажи , неверојатно вкусна храна и природно вино – тогаш дојдете во Грузија. Активен одмор и скиење на планините, културни и историски атракции за авантуристите и спа и релаксација за секого- веруваме дека за секого ќе има по нешто во кое би уживале.


Грузија е мала земја која ќе ви овозможи да ја прошетате во еден здив. Tbilisi е место кое е потребно да го посетите поради долгата историја и неговите бројни музеи, историски бањи и модерни барови.

img_00281
Batumi – е познато по кафето испечено на топол песок, по своите зимски мориња и планини обвиени во снег.
batumi_city_tour
Svaneti – е место кое се наоѓа на висина од 3200 метри надморска височина се крие зад средовековни тврдини и кули, тоа е мало богатство кое служело како скривница од напаѓачите .
680-ushguli-svaneti-georgia
Манастиритте, винските визби и спа хотелите се одлика на Kakheti.
4f25190bd9783edceb7e70142299e8ed
Минералните води и воздухот кој лекува се одлика на Borjomi и  Bakuriani.
За време на празниците постојат многу симболични декорации на кои ќе наидете во Грузија како фигури на ангели, звездите на Витлеем, и гранчињата од палма кои асоцираат на мир.

Сhichilaki- традиционален Божиќен симбол кој се издлабува од ореово  дрво е симболика на Грузија и ја симболзира брадата на Св. Базел чија прослава се случува на први јануари.

По полноќ во секој дом доаѓа  mekvle- ова е израз кој се користи за куќен пријател чија нога ќе донесе среќа . Пријателите доаѓаат со благо и посакуваат добри желби посакувајќи мир и хармонија во следната година на секој член од семејтсвото.

03cd887b0d1dd6b2c1961a62019517d9761c1bac
Новогодишната трпеза во Грузија знае во исто време да биде многу вкусна и здрава, Грузиската храна се карактеризира по своите различни видови на зачини и сотојки кои имаат фантастичен вкус.

На ниту едно место во светот не се посакув аат пооригинални и поубави здравици и желби за овие празници. Луѓето од тука веруваат дека колку се поискрени желбите толку е поголема и нивната веројатност да се остварат доколку се посакаат за време на Новата Година и Божиќната вечер.

Локалното население е познато по својата љубезност и добродушност, доколку ја посетите Грузија за ова време од годината веруваме ќе успеете да го доживеете целокупното убаво искуство надополнето со гостоприлмливоста на овој народ.

georgia_kakheti_georgian_wine
Грузиското вино е нешто кое мора да го пробате. Грузија се одликува по производството на вино подолго од 8000 години. Тоа се прави по традиционална старинска технологија и во текот на зимата презимува и ферментира во џиновски буриња закопани под земјата. Тоа во себе ја содржи енергијата на летото, слатко-горчливиот вкус на есента, а зимата го прави посилно и поопијно. Грузијците вложуваат виостинско внимание во подготовкта на овој напиток кој ви препорачуваме да го испробате како дел од сикуството при посетата на оваа прекрасна земја.

Време е да се запознаете со различни Божиќни традиции.
Дали сте чуле за  chichilaki?
Ова е традиционалното Божиќно дрво на Грузија кое се гори на крајот од прославата на празниците со цел да ги избрка сите негативни работи од старата и да донесе позитивни нешта во новата година.

11124897_30179nothumb650