Нова Година во еден од најубавите Европски градови- Прага

од  |  0 коментари

За Прага кажуваат дека е најубав европски град. Широките улици, студениот ветер од реката В’лтава кој немилосрдно Ви дува во косата, прекрасните градби кои можат да се најдат само во овој мал рај … Сето ова е Прагa, златнaта Прага !

Градот основан е уште во десеттиот век во нашата ера, но својот подем и напредок доживеал за време на владеењето на кралот Карло IV. Овој прекрасен град многу нешта поднел на своите плеќи – немилосрдните Хабсбурговци, различни периодични револуции, социјализам и комунизам, одмазди од страна на сојузниците … Сепак, тој гордо се држел, а неговите 1,5 милиони жители можат за тоа да Ви раскажат со безбројни приказни.

christmas-on-the-square-in-prague

Градот на културата, градот на големите плоштади, градот на пивото.
Дали знаевте дека Чесите се најголеми европски консументи на пиво?
Многумина мислат дека тоа се Германците и дека се тие најголеми производители на пиво во Европа, но тоа не е вистина. Чесите имаат најмногу регистрирани пива (преку 200 видови), а можат да се пофалат дека се најголемите европски консументи на пиво.

Битно е и да се спомне и тоа дека во Прага се наоѓаат голем број на градби кои се под заштита на UNESCO, а само некои од нив се: Карлов мост, Катедрала Свети Вид, Прашкиот дворец (најголемиот дворец на светот чија површина изнесува повеќе од 70000m²) астрономскиот часовник …

4_65

Зошто да ја посетите Прага оваа Нова Година ?
Одговорот е едноставен: доколку се уште сакате да доживеете бајка, упатете се кон овој златен град!
Велат дека оној што се изморил од Прага се изморил од убавина.
Новата Година во Прага се слави спектакуларно. Започнувајќи од легенданите  крстарења по Влтава, забавите по клубовите и романтичните ресторани, овој град изобилува со одличен избор на програма за активности за време на празниците.

nahled-920-hp-nye-3
Големиот огномет на централниот плоштад, придружен со мали огномети од целиот град на полноќ го осветлуваат небото давајќи му ги највибрантните бои.
По црквите пеат хорови, на стариот плоштад на градот се одржува празничниот Божиќен базаар каде можете да ја испробате вкусната храна а и да купите одлични подароци за своите најблиски и секако за себе.
Ви препорачуваме да облечете топла облека и обувки затоа што ова време од годината во Прага температурите опаѓаат под -10%.Christmas in Old-town square (Staromestske namesti), Prague

Оваа година ова задоволство ќе Ви го овозможи Ариес травел Битола!
Посетете ја нивната веб страница www.aries.mk и разгледајте ја комплетната понуда.