Нови идеи како да го зголемите дневниот внес на вода во телото

од  |  0 коментари
Сеуште сте во потрага по идеи како да го зголемите дневниот внес на вода во телото? Не грижете се, ние истраживме за вас како да останете соодветно хидрирани во текот на денот.

1. Понесете 2 литри шише со вода на работа
Оставете го некаде каде ќе ви биде на дофат или видливо. Погледнете колку вода можете да испиете до крајот на работното време. Потрудете се тоа да биде барем половина. Тоа значи дека сте на добар пат до поздраво поминат ден.

img_0639

2. Ставете додатоци или едноставно изберете функционална вода
Запомнете – водата не мора да биде толку досадна! Ставете овошје кое ќе го промени нејзиниот вкус, или ако сте во движење и немате доволно време набавете си веќе подготвена функционална вода. Пронајдете го омилениот вкус и направете го пиењето на вода забавно и помалку досадно.

3. Користете ја водата за наградување
Го сакате тој десерт за време на паузата за ручек? Не си дозволувајте да го изедете ако до тогаш не сте испиле 4 чаши вода.

4. Користете сламка
Ова е едноставно. Многу луѓе потврдија дека е полесно и побрзо да се пие со сламка. Не верувате? Пробајте!

5. Додадете замрзнато овошје!
Замрзнатото овошје дава извонреден вкус и шмек на сите пијалоци, така и на водата. Замрзнете малку лимон, портокал или лимета исечени на кругови. Додадете и уживајте во вкусот на свежината.

14691075_1150168088406684_1617111072853702484_n

6. Користете апликација за потсетување!
Во денешно време има апликации за се и сешто – вклучувајќи и апликација за вода.  Истите може да ви помогнат полесно да стигнете до целта или да напредувате во текот на денот. Таа апликација нека биде ваш потсетник и предизвик за поздрав живот. Не заборавајте дека не треба да паметите време, поставете си потсетник.

7. Натпревар меѓу пријатели или колеги
Понекогаш натпреварот за успех меѓу пријателите знае да биде совршен мотиватор! натпреварувајте се кој може да испие повеќе секој ден.

Дали имате други совети за пиење вода во текот на денот? Би сакале да слушнеме од вас нови креативни идеи.