Интегрални лепиња

од  |  0 коментари

Овој рецепт е идеален за промена на белите печива со интегрални.

  • 1 шоља брашно брашно од хељда
  • 1 шоља (150 ml) интегрално брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 150-200 ml јогурт
  • 2 лажички маслиново масло
  • семиња

    Соединетете ги двете врсти на брашно заедно, додајте ја содата, јогуртот и маслото.
    Избуричкајте ја содржината се додека не почне да се добива тесто.
    Прекријте ја 30 тина минути се додека не се крене. На избрашнета површина извлечете тесто за лепиња. Врз лепињата намачкајте малку маслиново масло и истурете мешавина на семиња по ваш избор.
    Печете во загреана рерна се дододека не добијат кафеаво-златеста боја.

    Идеа за оброк: 
    Лепињата пресечете ги на половина и измачкајте врз нив малку павлака, додајте марула, доамат, краставица и грилуван пилешки стек.
    Овој рецепт е одличен како закуска или ручек за вас и вашите најмили. Интегралните теста имаат поспецифичен вкус од белите печива но затоа пак хранливи се и здрави што вам би ви било во прилог.