Одмор на Санторини во октомври

од  |  0 коментари

Санторини без сомнеж  е еден од најубавите острови во Грција.

Дел е од групата на острови Киклади во Егејското море, познати се по своите коцкести бели населби и вулкански кратери. Овој остров е луксузно монденско место на кое летуваат многу познати личности од светот на модата, спортот, политиката, филмската индустрија. Препознатлив е по куќичките од бел камен со плави покриви, а изгласан е како еден од  10 -те најромантични дестинации во светот.

lava-pestera

Базени во пештери од лава – дел од луксузната понуда на островот

swi

Бесконечни базени кои имаат поглед на Егејското море и на остатокот од островот

Со своите драматични глетки кои го одземаат здивот, Санторини е дел од сетовите на многу познати филмови помеѓу кои и Tomb Raider – The Cradle of Life, со Анџелина Џоли во главната улога.
Со оглед на тоа што станува збор за еден од најпознатите Грчки острови, препознатлив по својата уникатност, луксуз, бројни хотели со 5*, можеме да констатираме дека  Санторини е еден од поскапите острови за летување во Грција.

italija

santorini-1

Најдобро време за пливање и сончање: Најтоплиот период на Грчките острови е периодот помеѓу јуни и септември, периодот е сончев, топол и водата е совршена за пливање. Температурата на водата најтопла е во периодот од Август и Септември, меѓутоа доколку е потопло можете да пливате и во мај и октомври.

Доколку сакате да го рагледате Санторини со цела своја убавина, тогап има доста убави глетки, пејзажи, винарии и локалитети кои можете да ги посетите и во нив вистински да уќивате во месеци како април, мај, октомври и ран ноември. За време на ноември можни се врнежи па затоа земете со себе топла облека доколку планирате да патувате.

Најдобар период за заштеда па пари се периодите на доцна сезона (декември до март, како и месеците април, мај, октомври и ноември). Цените во поглед на престојот забележуваат намалување, меѓутоа цените на храната и услугите драстично не се менуваат во зависност на сезоната.

Доколку патувате во октомври во Санторини ќе наидете на одлично време, секако сезоната на топло време нема во комплетност да ја доживеете, но времето е пријатно, а иако и во текот на овој период има доста туристи на Санторини, сепак нема да ги почувствувате ”сезонските гужви”.

Доколку не сте го посетиле Санторини, или пак сакате да евоцирате спомени на одлично поминатиот одмор, посетете го островот за време на прзникот 11 октомври и искористете ја одличната понуда на Ариес Травел.
За да ја погледнете понудата кликнете на следниот ЛИНК.