Неапол- Соренто- Капри. Места во Италија кои вчудоневидуваат со својата убавина.

од  |  0 коментари

Можеш да го имаш светот, доколку јас ја имам Италија

— Giuseppe Verdi

Инспирирани од понудата за локацијата Неапол- Соренто- Капри за 11ти октомври на туристичката Агенција Ариес Травел накратко да ве запознаеме со едни од најубавите места во Италија : Неапол- Соренто- Капри

napoli-22
Романтичниот Неапол, најголемиот град во јужна Италија е на два часа патување со автомобил јужно од Рим.  Овој град изобилува со култура, во Неапол се најдобрите театри и куќи на операта во светот, често го нарекуваат и музеј на отворено поради бројните статуи и монументи. Зајдисонцата на Неапол се воодушевувачки, заливот на Неаопол е место –шеталиште за семејства и парови.
naples-jpg-and-6-nights-in-naples-hotel-flights-from-paris-for-only-eur175-1394187311-ap6m-slidenapoli-2
Едно од најпознатите места во близината на Неапол е Помпеја – антички  Римски град во близината на модерниот Неапол. Поголем дел од градот е уништен и закопан под 4-6 метри вулкански песок поради најголемата ерупција на Везув. Истражувачите веруваат дека градот откриен е во шестиот век пред нашата ера од страба на Осканите. Под Римска доминација бил од 4 тиот век пред нашата ера. До времето на неговата деструкција градот броел популација од 11.000 луѓе, градот имал комплексен систем за водоснабдување, амфитеатар, гимназија и пристаниште.
Помпеја е туристичка дестинација околу 250 години наназад, денес е заштитена како дел од  UNESCO World Heritage  а ужива и статус како една од најпопуларните туристички дестинации во Италија со повеќе од 2.5 милиони туристи годишно.
sorento
Преку заливот на Неапол лежи Сорентинската пенинсула, можеби и најимпресивниот брег на светот. Со својата одлична местоположба на северниот брег на полуостровот, малата заедница на Соренто има одлична локација со поглед на брегот на Неапол, вулканот Везув и островот Капри. Не можете да замислите посовршено место од ова.
sorentinska-peninsula

Познат по лимоните и напитокот лимончело, Соренто има што да им понуди на своите посетители што е и одлична основа за посета на Италија како и на овој регион.
Стариот град е прекрасно место опркружено со прави улички и мали сокачиња, прекрасните повеќебојни продавници ќе ви го одземат вниманието. Стариот град е дом за многу историски згради како Базиликата на Св. Антонио и комплексот Сан Францеско.
Капри e остров кој е  место кое не може да го опишат ни 1000 убави зборови.
Според грчкиот  географ Страбон, Капри некогаш бил поврзан со остатокот на Италија.
ka-ri-1
Ова беше потврдено од неодамнешните географски и археолошки истражувања. На неодамнешните ископувања се покажа дека Капри населен бил уште од неолитскиот период.
kapri-2
Од втората половина на 19 век, Капри е популарна дестинација за европски уметници, писатели и други познати личности. Фасцинација со островот Капри е инспирација и  за книгата “Откривање на Сината пештера на островот Капри”. Капри е познат и по расказот на Somerset Moma- “Lotofaga”.  Импресираноста на славните личности со ова мало парче од рајот ги поттикнала и многу славни личности да купат вили на ова место.
pestera

capri