Органски мед, еликсир на младоста и заштитник на имунитетот

од  |  0 коментари

Медот е добропозната вкусна супер храна, го зголемува атлетскиот перформанс, го олеснува варењето на храната и ја подобрува дигестијата, го зајакнува имунитетот и одговорот на  инфекции.
Сладок и моќен, непроцесуиран, органскиот мед е адекватен извор на витамини, минерали и антиоксиданси и може да помогне при превенција на најразлични здравствени проблеми.

Honey cleans wounds and promotes healing by killing damaging bacteria. Најразлични испитувања покажале дека медот е одличен за третмани на најразлични рани, особено Манука медот. Испитување објавено во Јули 1988 објавено во  “British Journal of Surgery” покаќало дека медот помогнал при оздравување на тешки рани и чиреви кај 58 од 59 испитани пациенти, повеќето од нив не реагирале на конвенционалните третмани. Непроцесеуираниот мед содржи  hydrogen peroxide како и феноли кои помагаат при отстранување на бктериите од топичните повреди. Сировиот мед содржи антимикробни агенси кои го прават идеален природен борец и исцелувач.
Used for cancer prevention, honey improves immune function and fights tissue damage.

Медот е потенцијален антиоксиданс, кој се бори со лошиот холестерол или липопротеинот со ниска густина во артериите и се бори со штетните слободни радикали.Слободните радикали се одговорни за прераното стареење, ракот и оштетувањето на ткивата на телото. Испитување  направено во Април 2002 во “Journal of Agricultural & Food Chemistry” покажало дека медот поседува значајна и поголема способност за остранување на слободните радикали од најразлични овошја и зеленчуци со силна антиоксидативна моќ. За оваа цел се препорачуваат темни медови кои содржат поголем број на  антиоксиданси за разлика од посветлите медови.

Bee pollen in honey acts as an antihistamine to alleviate seasonal allergies.

Медот е богат со бифидобактерии, група на бактерии поврзани со дигестивното здравје и здравјето на имунитетот. Медот претставува ефективен пробиотик и го стимулира растот на бифидобактериите во цревниот систем. Медот е природен поттикнувач на имунитетот и антиинфламаторен агент кој може да помогне при борбата со ракот. Кога составот на поленот во медот е повисок медот има антиканцерогени дејства и делува поволно врз тој аспект на здравјето.Поленот во органскиот мед  според некои истражувачи делува антиалергенски при намалување на сезонски алергии

Honey supplies fuel for physical activity with vitamins, minerals and carbohydrates.

Медот бил користен со векови од страна на атлети, а поврзан е со најразлични фигури во Грчката и Римската митологија. Органскиот мед обезбедува лесна апсорбција на јаглехидрати, природна глукоза и фруктоза, како и витамини и минерали кои воедно во нивната взаемна синергија обезбедуваат зголемен перформанс и енергија. Кога се консумира пред, за и по вежбање, медот помага при зголемување на перформансот и забрзувањето на одморот со подобар ефект за разлика од најразлични спортски пијалоци со адитиви во својот состав.

Support your local beekeeper and your health with locally cultivated raw honey.

Како и многу други типови на храна, процесуираниот мед малку наликува на својата природна, нефилтрирана состојба. Пред филтрацијата, медот во својот состав содржи полен, прополис и многу други материи кои се богат извор на антиоксиданси, витамини и минерали. Кога се загреани и филтрирани, од медот се губат витамините:  A, C, D, E и K,  B витамините, калциум, магнезиум и живите ензими. Со купуваие сте сигурни дека тие ензими се достапни во медот и дека вие со неговото консумирање ќе ги почувствувате бенефитите од нутритивните елементи на медот.

med

Наша препорака е органскиот мед од BeOrg. Производот е достапен за нарачка на страницата на BeOrg www.beorg.mk , во делот неделна понуда, оваа недела достапна заклучно од 26.10 – 31.10 или пак можете да го пронајдете на настанот Органски Базар, организиран под покровителство на Skopje City Mall, секој четврток.

За сите органски производи и понуди на BeOrg следете ги на нивната официјална Facebook страница
https://www.facebook.com/beorg.mk