Ослободете се од досадните влакна трајно- со ласерска епилација!!

од  |  0 коментари

Летото е вистински период за ласерско одстранување на влакна!! Моментот кога сакаме да сме слободни на плажа и да не се досадуваме со повторно и повторно израснатите влакна. Да, особено оние црни и непосакувани. Модерното време и напредната технологија и овојпат успеаа да ни го олеснат животот. Се разбира со ласерска епилација или трајно отстранување на влакна.

Да видиме што претставува овој третман и на кој начин функционира.

Ласерската епилација е еден од најефикасните и наинвазивните начини за за треајно одстранување на влакната. Тоа метод кој се практикува низ целиот свет. Постојат различни видови на ласери кои секористат за оваа цел, но најдобар се покажал диодниот ласер. Овој ласер ги одтснува влакната трајно и безболно. Ласерската сонда ослободува инфрацрвена светлина во импулси, таа го загрева коренот на влакното. Ласерската светлина поминува низ средниот дел од кожата и се апсорбира во пигментот – меланин, така се зарзува загревањето на коренот на влакното доаѓа до негово уништување. Ласерскиот импулс трае доволно за да го уништи влакното. Секако, на главатa од ласерот има активно ладење, што пак ја штити кошата од сштетување и ја одстранува болката.

Важно е дека влакната несмеат да се депилираат 4-6 недели пред ласерскиот третман. Идеална кожа за овој третман е светла кожа со темни влакна, за да пигменот од коѓата не го привлекува ласескиот сноп. Бели и светли влакна скоро да не реагираат на лесерскиот зрак, бидејќи несодржат меланин (пигмент).

Начесто се потребни 3-5 третмани кои се работат на одреден временски период за трајно уништување на вланата. Уништените влакна, полсе третманот, постепено паѓаат од кожата во текот на следните 10 дена.

Со овој метод може да се третираат сите делови од кожата на лицето и телото, освен околуочната регија.